Selectum For Two Side
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 76 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Selectum For Two Side
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 10км од Манавгат и 90км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 263 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (28 - 40м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревета, едно купатило, макс.2 лица).
Романтик делукс соби (30-35 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Комфорт фамилијарни соби (48 м², две спални соби разделени со ходник, во едната спална има француски кревет, а во другата два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица).
Премиум апартмани (65 м², една спална соба, една дневна соба, купатило, макс. 2 лица). Кралски апартман (110 м², две посебни спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 4 лица).
2 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. WI – FI интернет е бесплатен.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалоци - шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед во одредено време во барот покрај базен, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на менито, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, наргиле, пури, услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани (турски, италијански, далечен исток, рибен), барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, фризер, телефон, факс, перење, хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.
-
Плажа
Хотелска плажа со каменчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика.
Се доплаќаат: спортови на вода, СПА центар и центар за убавина, масажа, часови за нуркање, билијард, куглање, компјутерски игри.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.