Side Star Elegance

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Side Star Elegance
• 49 слики
• Во близина на центарот
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Side Star Elegance

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 3 km од Сиде и 71 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 511 соби во една главна зграда и две анекс згради.

Стандардни соби (во главна или анекс згради, 23-28 m², една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети, кревет на расклопување, едно купатило, макс.2+1 лице).

Економски соби (во главна или анекс згради, 23-26 m², една спална соба, едно купатило, немаат балкон, со ќерамички под, макс.2+1 лице).

Апартмани (35 m², во главна зграда, една спална соба со дупли кревет, една дневна соба со софа, одвоени со врата, едно купатило, макс.2+1 лице).

Фамилијарни дуплекс соби во анекс зграда (53 m², дуплекс, на долен спрат еден дупли кревет и простор за седење, едно купатило, на горен спрат една спална соба со дупли кревет и купатило со џакузи, меѓу спратовите има врата, макс.4+1 лица).

Фамилијарни соби (33 m², во главна и анекс згради, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Соби со директен пристап на базен во главна зграда на приземје во просторот на градината (24 m², една спална соба со дупли кревет, еден кревет на расклопување, едно купатило, директен пристап на базенот, макс.2 +1 лице, деца не се дозволени во овој тип на соба).

Deluxe terrace соби (28 m², во главна зграда, со поглед на море, една спална соба со дупли кревет, еден кревет на расклопување, едно купатило, тераса, макс.2+2 лица).

Deluxe terrace соби со џакузи (28 m², во главна зграда, една спална соба со дупли кревет, еден кревет на расклопување, едно купатило, џакузи на тераса, макс.2+2 лица).

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалаци и пиво секој ден), електричен бокал, ламинатен под (само во собите со директен пристап на базен ќерамички под), сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција до 2MB, балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено –24 часа храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе и закуски рано наутро, сладолед во попладневните часови, свежо цеден сок само за појадок, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалаци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турски, италијански, кинески и рибен ресторан), барови околу хотелскиот комплекс.

Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет конекција бесплатна во целиот хотел до 2MB.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата: масажи, билијард, соба за игри, сите спортови на вода, осветлување на тениски терен и тениски часови.

Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години и Junior клуб од 12 - 16 години со различни активности и програми.

Хотелот е реновиран во 2015 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација