Side Star Park Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Side Star Park Hotel
• 27 слики
• SPA & Wellness
• Во близина на центарот
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 13,99 - бесплатно сместување
• Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Side Star Park Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Кумкој на 1км од Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 228 соби во главна и анекс згради.

• Стандардни соби (19м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
• Стандардни соби со кревети на спрат (22м², една голема соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 4 лица),
• Фамилијарни соби со поврзувачка врата (30м², две спални соби разделени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се со приватно купатило, со туш кабина, фен, папучи, клима уред, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво дополнувани секојдневно), сеф, сателитска ТВ програма и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќна шведска маса, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот, сладолед двапати дневно во барот покрај базенот, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, пијалоци во барот на плажа до 18 часот. Не е вклучено – сите видови увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани и во лименки пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, сите пијалоци после 24 часот освен пијалоци во Диско Клубот.

• Содржини

Главен ресторан за отворена шведска маса, À la Carte ресторани – рибен и турски, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, шопинг центар, изнајмување кола со доплата. WI-FI интернет во цел хотел бесплатно до 2 МB.

• Плажа

Хотелска песочна плажа на 150м од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири за на плажа се бесплатни. Промена на пешкирите за на плажа е со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, две лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг. Со доплата се спортови на вода, билијард, куглање, игротека, SPA центар и масажи. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, со различни активности и програми.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација