Side Star Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Side Star Resort
  • 30 слики
  • Песочна плажа
  • Бесплатно WiFi на јавни површини
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 13,99 - бесплатно сместување
  • Теретана и СПА

SIDE STAR RESORT - 5* - GUNDOGDU - MANAVGAT Локација: Хотелот се наоѓа во Гундоду на 12 км од Сиде и Манавгат, 50 км од аеродромот во Анталија. Сместување: Вкупно 462 соби во пет згради. Стандардни соби (24 м², една спална соба со францускиот кревет + кревет на расклопување или софа, едно купатило, макс. 2+1 лице), Големи стандардни соби (32 м², една поголема спална соба со францускиот кревет + ед

Инфо Side Star Resort


SIDE STAR RESORT    - 5* - GUNDOGDU - MANAVGAT


Локација: Хотелот се наоѓа во Гундоду на 12 км од Сиде и Манавгат, 50 км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно 462 соби во пет згради. Стандардни соби (24 м², една спална соба со францускиот кревет + кревет на расклопување или софа, едно купатило, макс. 2+1 лице), Големи стандардни соби (32 м², една поголема спална соба со францускиот кревет + еден единечен кревет + кревет на расклопување или софа, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби (40 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) и пет соби за лица со попреченост. Сите соби се со приватни купатила со туш кабини, фен за коса, влечки, клима уред, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.


Услуга: Сѐ вклучено - отворена шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќна шведска маса, сите локални (и некои увозни) алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот, сладолед два пати дневно во барот покрај базенот, пијалоци во барот на плажа до 17 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш во текот на престојот во еден од нив. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани и во лименки пијалоци, свежо цеден сок, услуга во соба.


Содржина: Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани, турска кујна, мексиканска и далекоисточна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, трговски центар, изнајмување кола се со доплата. WIFI интернет во хотелот е бесплатен до 2 МB.


Плажа: Хотелската песочна плажа е на 200м од хотелот. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажа.


Спорт и забава: Отворени базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес центар, тениски игралишта, турска бања, сауна, парна бања, мини голф, пинг-понг. Со доплата се спортови на вода, билијард, куглање, соба за игри, центар за убавина и масажа, рефлектори за тениските игралишта и часовите.


Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, вечерни забавни програми, Мини клуб за деца од 4 до 11 години, игралиште, мини диско во вечерните часови, клуб за тинејџери од 12 до 16 години.


www.sidestarhotels.com


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација