Sidekum Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Sidekum Hotel
• 37 слики
• Поволни цени
• Лежалки и чадори бесплатно
• Теретана и СПА
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Sidekum Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5км од Сиде и 54км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 197 соби во главна зграда и во анекс згради.

• Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
• Фамилијарни соби (38м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 лица),
• Економските соби се исти како стандардните соби, но во анекс зградите.

Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина, фен, сплит клима уред, мини бар (се дополнува само со вода секој ден), сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуска наутро и попладне, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед за време на одредени часови, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа и лоби бар. Доктор, бебиситер, услуга за перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI интернет е бесплатен во лобито, собите и на плажа.

• Плажа

Хотелска плажа со камчиња и песок на 300 метри од хотел, со бесплатни лежалки и чадори за сонце.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: масажа, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација