Starlight Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Starlight Resort Hotel
• 53 слики
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Starlight Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Кизилагач на 75км од аеродромот во Анталија и на 8км од Манавгат.

• Сместување

Вкупно 811 соби во главната зграда и 18 Клуб згради.

• Стандардни соби со поглед на копно (41м², една спална соба со брачен кревет, едно купатило, макс.2 лица),
• Стандардни соби со поглед на море (46м², една спална соба со брачен кревет + еден единачен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
• Клуб супериорни соби (31м², една спална соба со брачен кревет или два одвоени кревети + софа кревет, едно купатило, макс.2+1 лица),
• Клуб џакузи дуплекс (70м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, џакузи на горниот кат, макс.2+2 лица)
• 8 соби за лица со попреченост

Сите соби се со приватно купатило со када или туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно дополнување со обична вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сет за кафе и чај, сеф, тепих во главната зграда, паркет во клуб собите, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет (бавна брзина) е бесплатен, балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина наутро и попладне, вечера, ужина доцна навечер. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, свежо цедени овошни сокови само за појадок. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, свежо цедени овошни сокови, собна услуга.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - Akdeniz (медитеранска кујна), Santa Lucia (италијански), Moulin Rouge (француски), Volga (руски), Ganesha (индиски), Tepenyaki (јапонски), Miyako (далекуисточна кујна), Azteka (мексикански), Sini*(турски), Sunset* (рибен ресторан), Mongolia* (монголиски) и BBQ* ресторан за скара, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, дадилка, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, перална и хемиско чистење - се со доплата. Wi-fi интернет со бавна брзина е бесплатен во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и се со доплата.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за пливање, еден Thalasso базен надвор и внатре и е со доплата, и Secret базен само за VIP гости и возрасни - со доплата, надворешен базен на спрат и само за возрасни, Аква парк со 11 лизгалки на вода за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, турска бања, сквош, ѕид за искачување, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал. Со доплата - спортови на вода, Secret базен е само за VIP гости, куглање, компјутерски игри, тенис на терен од глина , часови за тенис, мини голф, спа центар, лизгање на мраз (мин.20 лица и 4 дена претходно закажување), клуб за јавање коњи, професионални терени за фудбал. Забавни програми во текот на денот, натпреварувачки содржини покрај базен и на плажа, навечер различни шоу програми и специјални програми. За деца од 04-12 години има Мини клуб, со програми во текот на денот и навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација