Terrace Beach Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Terrace Beach Resort
• 34 слики
• Наша препорака
• SPA & Wellness
• Опкружен со зеленило
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Теретана
• На плажа

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Terrace Beach Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 270 соби во една главна зграда.

Стандардни соби (24 m², една спална соба  со дупли кревет + софа, купатило, макс. 2+1 лице).

Економски соби (20-24 m², лоцирани помеѓу катови и достапни само по скали, поглед кон копно, макс. 2+1 дете).

Фамилијарни соби со поглед кон копно (28 m², една голема спална соба со преграда, еден дел со француски кревет, друг со кревети на спрат за деца, едно купатило, само поглед кон копно, макс. 2+2 деца).

Фамилијарни соби со поглед кон море (38 m², две посебни спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, директен телефон, сеф (бесплатен), мини бар (сокови, обична и минерална вода се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ЛЦД ТВ и музички систем, бесплатна WI-FI интернет конекција, под со ламинат, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски на плажа и покрај базен, вечера, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00-24:00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредено време од денот (попладне).

Не е вклучено: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сите пијалаци во шише и од лименка, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалаци во диско клубот и услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan – турска кујна, Turkuaz – медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс.

Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, фризер.

WI-FI интернет на јавните површини и собите е бесплатен.

• Плажа

Хотелска песочна плажа. Лежалките, крпите на плажа и чадорите за сонце се бесплатни.

Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени (внатрешните базени не работат во летната сезона во периодот од 01.04-31.10.2024) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, пикадо, одбојка на плажа.

Со доплата се: спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар, јавање коњи.

Забавни програми (лесна анимација) во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и вечерта, детско игралиште.

Хотелот е реновиран во 2016/2017 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација