Terrace Elite Resort
- Turcija
- Antalija
- Side

- 36 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Terrace Elite Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гундоду на 13км од Сиде и 52км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 370 соби во 4 блока
- Стандардни соби (32м², една спална соба, купатило, макс.2+2 лица)
- Голема стандардна соба (36м², една поголема стандардна соба со француски кревет и 2 софа кревети разделени со преграда, купатило, макс. 2+2 лица),
- Економски соби (32м², сместени на приземје со поглед на копно, една спална соба, купатило, макс. 2+2 лица),
- Фамилијарни соби (38м², две соби одвоени со лизгачка врата, едната соба со француски кревет, а другата со два софа кревети, купатило, макс. 2+2 деца).
Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф (со доплата), мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се надополнуваат секој ден), сателитска ЛЦД ТВ и музички систем, WI-FI интернет конекција (бесплатно), под со ламинат и балкон.

Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, вечерно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијаоци од 10.00-24.00 часот, сладолед во бар покрај базен во одредени попладневни часови, бар на плажа од 10.00-18.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани вина, свежо цедени сокови, сите флаширани и конзервирани пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалоци во диско клубот, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, барови околку хотелскиот комплекс, диско клуб. Со доплата: доктор, перална и хемиско, телефон, интернет, шопинг центар, фризер, копјутерски игри. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 600м од хотел. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа, спа центар, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерни шоу програми за возрасни. Мини клуб за деца од 04-12 години со програми во текот на денот и вечерта, игралиште и мини диско во вечерните часови.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца