TUI BLUE Side
- Turcija
- Antalija
- Side

- 22 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо TUI BLUE Side

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10км од Манавгат и 60км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 236 соби
- Стандардни соби (35м², една спална соба со француски кревет + кревет на расклопување, купатило, макс. 3 лица)
- Делукс соби (40-45м², две одвоени спални, може да бидат и дуплекс, макс. 4 лица)
- Јуниор соби (50м², една поголема соба со дневен престој, француски кревет, купатило, макс. 3 лица)
Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, клима уред, сет за чај и кафе, сеф, ЛЦД ТВ со сателитска програма и музички канали, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување – во текот на престојот секој ден се надоплнува само со вода). WI-FI интернет конекција е бесплатна.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, бранч секоја недела. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-02.00 часот, бар на плажа од 10.00-18.00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во тек на престој, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед само во попладневните часови. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци по 02.00 часот (во зимскиот период по 00.00 часот).

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – Kulinarium – медитеранска кујна, Vitalkuche – ресторан со здрава храна, барови околу хотелскиот комлекс. Со доплата: доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, шопинг центар, изнајмување кола. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа
Хотелска песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и крпите за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа, гимнастика, билијард. Со доплата: спортови на вода, спа, масажа. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во текот на вечерните часови понекогаш со жива музика.
Веб страна на хотелот
Содржини

Плажа
- Лежалки за плажа