TUI SENSATORI Resort Barut Sorgun

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• TUI SENSATORI Resort Barut Sorgun
• 31 слики
• Песочна плажа
• Во близина на плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо TUI SENSATORI Resort Barut Sorgun

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 4км од Сиде и 67км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Хотелот се состои од 3 дела: Мешана зона, Фамилијарна зона и зона за возрасни, со вкупно 310 соби.

• Стандардни Соби во Мешана Зона: (38м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
• Фамилијарни Соби во Фамилијарна Зона: (40м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, приватно купатило со туш, макс.2+2 лица).
• Swim Up Фамилијарни Соби во Фамилијарна Зона: (40м², се наоѓаат на приземје со директен пристап на базенот, со врата на лизгање помеѓу собите, купатило со туш или када), бањарка, папучи, фен, централен клима уред, телефон, мини бар, електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
• Стандардни Соби во Зона за Возрасни: (34м², една спална соба, едно купатило, макс.2 лица).
• Whirlpool Соби во Зона за Возрасни: (34м², една спална соба, едно купатило, џакузи на балкон, макс.2 лица).
• Swim Up Соби во Зона за Возрасни: (34м², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базенот, макс. 2 лица).

Сите соби во мешаната зона се со приватно купатило со туш кабина или када и фен, бањарка, папучи, централен клима уред, мини бар, сеф, сателитска телевизија и музички канали, паркет на под, сет од кафе и чај, балкон.

Сите соби во зоната за возрасни се со приватно купатило со туш или када, фен, бањарка, папучи, централен клима уред, мини бар, сет од кафе и чај, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни ужини, бифе доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Мини барот се дополнува секој ден со вода, безалхохолни пијалоци и вода, À la Carte ресторани Saftan, Ocean и Olive со претходна резервација. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на листата, специјални вина, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба, À la Carte ресторани Aqua Steak и Tarcin се со доплата.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Saftan -турски, Olive - италијански, Ocean – рибен ресторан, Aqua Steak и Tarcin Fine Dining, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска плажа на отприлика 260 метри од хотелот- песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени и опрема за тенис, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, советлување за тениски терени, масажа и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базеб, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активносит и програми.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Клуб за деца

Локација