Turquoise Hotel

  • Turquoise Hotel
  • 37 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Turquoise Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Соргун на 3,5 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 486 соби во главна зграда, анекс згради и Lake Houses.

    Делукс соби (27-28 м², во главна зграда, една спална соба со дупли кревет и софа или дополнително легло, купатило, макс. 2+1 лица).

    Делукс фамилијарни соби (45-52 м², во главната зграда, две спални соби поврзани со врата - едната со дупли кревет, а другата со единечни кревети, едно  купатило, макс. 4 лица).

    Garden Block стандардни соби (27-28 м², во анекс зградите, една спална соба со дупли кревет и софа, едно купатило, макс.2+1 лица).

    Garden Block фамилијарни соби (42-43 м², во анекс зградите, две спални соби поврзани со врата, макс. 4 лица).

    Lake Houses се наоѓаат во градината каде што гостите имаат ВИП услуга.

    Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, под со ламинат, мини бар (обична и минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ЛЦД ТВ со сателитска програма и музички канали, балкон или тераса. WI- FI интернет е бесплатен.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено  – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневен чај, кафе, торти, вечера, ноќни закуски, ран појадок, свежо цеден сок од портокал само за појадок, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, бебешко катче во ресторанот, диететско бифе, бар на плажа.

    Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, À la Carte ресторани со претходна резервација, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (кинеска и турска кујна, рибен ресторан, Steak ресторан), Begonvil ресторан само за гостите сместени во Villa Houses. Барови околу хотелскиот комплекс кои служат пијалоци.

    Се наплаќа: доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, телефон, интернет и интернет кафе, комјутерски игри, изнајмување кола.

    WI-FI интернет во лоби, собите, околу базенот и во вилите е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен само за возрасни (+16), аква парк со тобогани за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни.

    Со доплата: масажа, спа и велнес центар, билијард, куглање, играчница, осветлување за тениските терени, часови по тенис, спортови на вода.

    Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во текот на вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-16 години поделени во групи според возраста, со програми во текот на денот и вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација