VONRESORT Elite

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• VONRESORT Elite
• 21 слики
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо VONRESORT Elite

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 15км од Манавгат и 55км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 180 соби.

• Стандардни Соби: (31м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
• Супериор Соби: (36м², една спална соба со француски кревет и софа, макс.3 лица).
• Фамилијарни Соби со Кревети на Спрат: (36м², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс.3 лица).

Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. WI-FI интернет конеција е бесплатна.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневна и доцна ужина, вечера, пијалоци и закуски во аква парк, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар за ужина на плажа од 10:00 до 18:00 часот, сите пијалоци во диско клубот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte рестораните се со претходна резервација и се доплаќаат, услуга во соба, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Ирскиот паб.

• Содржини

Главен ресторан Safran со шведска маса, À la Carte ресторани: Kaftan Kebap House – турска кујна, Vogatore – италијанска кујна (Golden Beach), Beluga – рибен ресторан, Kaiseki – кујна од Далечен Исток, Longhorn Steak House – ресторан за бифтек, Kekik – Ottoman ресторан (Golden Beach), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби и во собите е бесплатна.

• Плажа

Хотелска плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, голем Аква Парк со 11 лизгалки на вода (влезот е бесплатен за гостите од хотелот), фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, куглање, билијард, забавен парк, масажа и центар за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација