Vonresort Golden Beach

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Vonresort Golden Beach
• 44 слики
• Песочна плажа
• Голем воден парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Vonresort Golden Beach

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 17км од Манавгат и 55км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 632 соби во бунгалови на 2, 3, 4 ката.

• Стандардни Соби: (30м², една спална соба, едно купатило, некои соби се со кујна, макс. 2+1 дете).
• Фамилијарни Соби: (40-47м², две спални соби одвоени со врата, некои се со кревети на спрат, едно купатило, некои од нив со кујна, макс. 4 лица).
• Фамилијарен Апартман: (62м², две спални соби одвоени со врата, дневна соба, кујна, едно купатило, макс. 6 лица).
• Вила Соби: (100м², три спални соби, дневна соба, кујна, купатило, макс.7 лица).

Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, сплит клима уред, телефон, сеф (со доплата), мини бар (само вода), тепих или плочки на под, сателитска ТВ и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - 24 часа услуга за храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, ноќни закуски, пијалоци и закуски во аква паркот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар со закуски на плажа од 10.00-18.00 часот, сите пијалоци во диско клубот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и дополнителна доплата, собна услуга, сите флаширани пијалоци, пијалоци во Ирскиот паб.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Kekik – отоманска кујна, Vogatore – италијанска кујна, Radika – рибен ресторан, Long horn - Steak House (се наоѓа во Vonresort Golden Coast), Kaiseki кујна од далечниот исток ( Vonresort Golden Coast ), Kaftan – турска кујна, Beluga – рибен ресторан (Vonresort Golden Coast), барови околу хотелскиот комплекс. Со доплата: доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет, копјутерски игри, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет конекцијата во лоби и собите е бесплатна.

• Плажа

Хотелска песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и дополнително се наплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, голем аква парк со 11 тобогани (влезот за гостите на хотелот е бесплатен), фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг-понг. Со доплата: спортови на вода, куглање, билијард, забавен парк, масажа, СПА и велнес центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со дневни и вечерни програми.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација