Voyage Sorgun

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Voyage Sorgun
• 42 слики
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Отворен базен
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Voyage Sorgun

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 6 km од Сиде и Манавгат и 65 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 508 соби во главна зграда и во бунгалови.

Стандардни соби со поглед на градина или море во главна зграда (31 m², една спална соба со француски кревет + една софа, едно купатило, макс.3 лица + бебе).

Стандардни фамилијарни соби во главна зграда (50 m², две спални соби - едната со француски кревет, а другата со два единечни кревети и едно купатило, макс.4 лица + бебе).

Бунгалов стандардни соби (35 m², една спална соба со француски кревет +софа, едно купатило, макс.3 лица + бебе).

Бунгалов фамилијарни соби (53 m², две спални соби, една со француски кревет, друга со два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица + бебе)

5 соби за лица со попреченост.

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен, бањарки, влечки, клима уред, телефон, ламинатен под, само во стандардните соби во бунгаловите има плочки на под, мини бар (секој ден се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, пиво, млеко, чоколадо, апетисани, мало црвено и бело вино), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитски програми и музички канали, балкон или тераса.

WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга - шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, чај попладне, кафе, колачи, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, детско бифе, дел за подготовка на бебешка храна, диететско бифе, сладолед, свежо цедени сокови во главниот ресторан, Cuisine 24 – ресторан отворен 24 часа, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот.

Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, ексклузивни вина, флаширани пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Vista – италијански ресторан, Wen – кинески ресторан, Buzuki – грчки ресторан, Tepsi – турски ресторан, Carino - Stake House, Sushi / Teppanyaki ресторан со претходна резервација и со доплата, барови околу хотелскиот комплекс со храна и пијалаци, English pub е отворен 24 часа.

Доктор, чување деца, перење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и каменчиња. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Има две платформи на плажа, една фамилијарна и една само за возрасни (+16).

• Спорт и забава

Отворени и затворени (не работи во лето) базени (еден базен само за возрасни) и за деца, аква парк со тобогани за возрасни и за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, мини голф се бесплатни.

Со доплата: масажа, SPA & Wellness центар, билијард, куглање, осветлување за тениски терени, часови по тенис, сите спортови на вода.

Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Tugi Kids World – мини клуб за деца од 4 - 12 години и клуб за тинејџери од 13 - 16 години со програми во текот на денот и во вечерните часови. Забавен парк, мини диско и различни активности за деца. Програма Smiling babies за деца од 0 – 3-години – количка за бебе, бања за бебе, нокшир.

Хотелот е реновиран 2014/2015 година.

Хотелот е реновиран во 2014/2015 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација