Voyage Sorgun Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Voyage Sorgun Hotel
• 30 слики
• Аква парк
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Отворен базен
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Voyage Sorgun Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Соргун, 6км од Сиде и Манавгат и 65км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 508 соби во главна зграда и во бунгалови.

• Стандардни Соби во Главна Зграда: (31м², една спална соба и едно купатило, макс.3 лица+бебе).
• Фамилијарни Соби во Главна Зграда: (50м², две спални соби и едно купатило, макс.4лица+бебе).
• Бунгалов Стандардни Соби: (35м², една спална соба и едно купатило, макс.3лица+бебе).
• Бунгалов Фамилијарни Соби: (53м², две спални соби и едно купатило, макс.4 лица+бебе).
• 5 Соби за Хендикепирани лица

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, папучи, клима уред, телефон, ламинатен под, само во стандардните соби во бунгаловите има плочки на под, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво, млеко, чоколадо, јаткасти плодови секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитски програми и музички канали, балкон или тераса. WI-FI интернет конекција е бесплатна.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, чај попладне, , кафе, колачи, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бифе за деца, сладолед, свежо цедени сокови, Cuisine 24 – кујна отворена 24 часа, детски дел во ресторанот, диетална храна. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, флаширани пијалоци, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, наргиле.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани –Vista – италијанска кујна, Wen – кинеска кујна, Buzuki – грчка кујна, Tepsi – турска кујна, Carino - Stake House, Sushi / Teppanyaki ресторан со претходна резервација и со доплата. Барови околу хотелскиот комплекс со храна и пијалоци, English pub е отворен 24 часа. Доктор, бебиситер, перење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири. Има две платформи на плажа, една фамилијарна и една само за возрасни (+16).

• Спорт и забава

Отворени и затворени (затворени во лето) базени (еден базен само за возрасни) и за деца, аква парк со лизгалки на вода за возрасни и за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, мини голф се бесплатни. Се доплаќаат: масажа, SPA и Wellness центар, билијард, куглање, осветлување за тениски терени, часови по тенис, спортови на вода. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми навечер. Tugi Kids World – мини клуб за деца од 04-12 години и клуб за тинејџери од 13-16 години со програми во текот на денот и навечер. Забавен парк, мини диско и различни активности за деца. Програма Smiling babies за деца од 0 – 3-години – количка за бебе, бања за бебе, нокшир.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација