Washington Resort Hotel & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 75 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Washington Resort Hotel & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 70 км од аеродромот во Анталија и 10 км од Манавгат.
-
Сместување
Вкупно 305 соби.
Стандардни соби (23-27 м², една спална соба, едно купатило, некои соби се со француски балкон, макс. 3 лица).
Голема соба со кревети на спрат (27 м², една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило макс.2+2 лица)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, под со ламинат, сателитска ТВ и балкон (некои соби имаат француски балкон).
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневно кафе и чај со колачи, ноќни закуски, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот, бар со закуски на плажа од 10:00-18:00 часот, сладолед во одредено време од денот, свежо цеден сок од портокал за време на појадокот, À la Carte ресторани со резервација 4 дена претходно и посета еднаш во текот на престојот.
Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на менито, премиум пијалоци и специјални вина, свежо цедени сокови, турско кафе, флаширани пијалоци, наргиле и услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан зa шведска маса, барови околку хотелскиот комплекс, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна, и рибен ресторан.
Доктор на барање, телефон, факс, интернет, перење, чување деца, продавници, интернет кафе се наплаќа. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во лоби.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, турска бања, сауна, џакузи, тениски терени (тврда подлога), пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Се наплаќа: спа центар, масажа, осветлување на тениските терени, сите спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, дневни анимации и мини диско во вечерните часови.
Хотелот е реновиран во 2017 година.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа