Baia Bodrum Hotel
- Turcija
- Egejski Breg
- Bodrum
-
-
-
-
-
- 46 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Baia Bodrum Hotel
-
Положба
Хотелот се наоѓа на 19 км од Бодрум и околу 40 км од аеродромот.
-
Сместување
Вкупно 228 соби.
Делукс соби (28 м², со дупли или два единечни кревети, едно купатило, макс. 3 лица).
Делукс соби со тераса (32 м², со дупли или два единечни кревети, еден единечен кревет, едно купатило, макс. 4 лица, на приземје, имаат директен пристап во градина)
Соби за лица со попреченост.
Апартмани (65 м² , една спална со дупли кревет, една дневна соба, сите се со поглед на море, гардеробер, едно купатило со туш кабина и када, француски балкон или тераса).
Собите имаат балкон или тераса, приватно купатило си туш, фен, клима, телефон, мини бар, сеф, сателитска ЛЦД ТВ, сет за правење кафе и чај, интернет, плочки на подот.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќни закуски, свежо овојше (во одредени месеци), сладолед (во одредени месеци), слаткарница, топли напитоци, алкохолни и безалкохолни локални пијалоци.
Со доплата се À la carte рестораните (потребна е резервација најмалку еден ден порано), услуга во соба, увозни пијалоци, свежо цедени сокови и сѐ останато што не е наведено во концептот.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (турски и рибен), слаткарница, бар со закуски, барови со пијалоци низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор, перење алишта, чување деца, фризер, продавници, телефон, салон за убавина, изнајмување кола, фотограф и сѐ што не е наведено во концептот. Wi-Fi е бесплатен насекаде во хотелот.
-
Плажа
Приватна хотелска плажа со долга платформа, со бесплатни лежалки и чадори, а крпите се со депозит. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени со дел за деца, СПА центар со турска бања, сауна, парна соба, фитнес центар, забавен парк за деца со базен, фитнес центар, јога, гимнастика, пикадо, пинг понг, тениско и кошаркарско игралиште, диско кино, мини фудбал. Играчница со билијард, куглана, спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, масажи и други третмани во СПА центарот се со доплата.
Забавни програми и анимации во текот на денот, музичка група за забава во вечерните часови. Мини клуб за деца.
Хотелот е реновиран во 2021 година.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа