Hapimag Sea Garden Resort

1. Turcija
2. Egejski Breg
3. Bodrum
• Hapimag Sea Garden Resort
• 46 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Hapimag Sea Garden Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во Јаличифтлик, на 17 км од центарот на Бодрум и на 45 км од аеродромот во Бодрум.

• Сместување

Хотелот има 285 соби.

• Стандардните соби со поглед на градина или море – 31 м² , една спална, едно купатило, балкон, макс. 2+1 лице.
• Фамилијарни соби со поглед на градина или море – 62 м², две поврзани соби, две купатила, балкон, макс. 3 возрасни +1 дете или 4 возрасни лица
• Апартман со поглед на море – 62 m², една спална соба, една просторија за дневен престој, едно купатило, џакузи, балкон, макс. 2 возрасни + дете или 3 лица.
• 2 соби за лица со попреченост.

Сите соби се опремени со клима, LCD / сателитска TV, мини бар (бесплатно и секој ден се дополнува со вода, пиво и безалкохолни пијалоци), сеф, сет за чај и кафе, купатило со када или туш кабина, огледало за шминкање, фен, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужинки во главен ресторан. Пет À La Carte ресторни (Chacha со мексиканска кујна, Laguna со медитеранска храна, Merhaba и BBQ со медитеранска и турска кујна) еднаш бесплатно за мин. 5 ноќевања со претходна резервација. Хотелскиот комплекс има 5 бара. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и некои увозни пијалоци се вклучени во концептот. Локални и увозни премиум пијалоци со доплата.

• Содржини

Има вкупно 3 плажи. Хотелска плажа, ,,holliday vilagge” плажа и ,, тивка плажа”. Ultra all концептот важи само за хотелската плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

• Плажа

Приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Два базена за возрасни, еден затворен базен и базен за деца со лизгалка, турска бања, фитнес центар. СПА услуги и масажа со доплата. Посебна атракција е Мини Бодрум во рамките на комплекост и место за собирање во секое време од денот и го носи духот на Бодрум во хотелскиот комплекс. Мини клуб за деца од 04-07 години, макси од 8-11 год и клуб за тинејџери од 12-16 год со разновидни активности и забави инспирирани од природата, претстави, олимписки игри, игри како што се барање на закопно богатство, гусарски денови, излет во село, мини диско и сл. Доплата за спортови на вода, часови по нуркање, сквош, тениско игралиште, доктор, услуги за перење и хемиско чистење, доктор, услуга во соба, изнајмување на велосипед.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација