Jasmin Beach Hotel

  1. Turcija
  2. Egejski Breg
  3. Bodrum
  • Jasmin Beach Hotel
  • 35 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Jasmin Beach Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа на 20 м од плажа во заливот Ѓумбет, на околу 3 км од градот Бодрум и 35 км од аеродромот.

  • Сместување

    Хотелскиот комплекс е составен од 27 двоспратни и троспратни блокови со вкуно 280 соби.

    Хотелски стандардни соби – 26 м², една спална со француски кревет или два единечни кревети и кревет на расклопување, макс. 2 + 1, едно купатило.

    Клуб стандард соба – 25 м², една спална со француски кревет или два единечни кревети и дополнителен кревет, макс. 2+1.

    Клуб фамилијарна соба – 45 м², спална соба со француски кревет и одвоена просторија со два дополнителни кревета, макс. 2+2 или 3+1 лица.

    Хотелска фамилијарна соба – 45 м², спална соба со француски кревет и одвоена просторија со два дополнителни кревета, макс. 2+2 или 3+1 лица.

    Сите соби имаат клима, телефон, мини бар (празен), сеф, сателитска ТВ, плочки на подот, балкон или тераса.

  • Услуга

    Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера во главен ресторан, попладневна ужина, À La Carte ресторан (еднаш за време на престојот со мин. 7 ноќевања со претходна резервација), попладне кафе и чај, барови низ хотелскиот комплекс, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Увозни и премиум пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, храна и пијалоци на плажа со доплата. All inclusive концептот на хотелот е до 23.00 часот.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À La Carte ресторан, барови низ хотелскиот комплекс.

    Доктор на повик, медицинаска сестра, фризер, перење алишта, продавници, играчница, теефон, факс е со доплата.

    Wi-Fi бесплатно на рецепција и покрај базен.

  • Плажа

    Хотелот има свој дел од јавна плажа на 20 м од хотелот. Плажата е со песок и ситни качиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Хотелот има отворени базени, затворен базен и детски базени со тобогани, игралиште за деца. Бесплатно е пинг понг, фитнес центар, пикадо, организирани забави покрај базенот, турска вечер и вечерни анимации и програми, турска бања, сауна, парна бања.

    Со доплата сите спортови на вода, масажи и третмани во СПА центарот.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште

Локација