Формулар за влез во Турција

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Генерален Директорат За Здравствени Информациони Системи

Во рамки на борбата против пандемијата со Ковид-19 со цел да може да се детектираат ризичните патници (чиј тест бил позитивен или биле во контакт со некој кој бил позитивен на коронавирус) после враќање од Турција во нивната сопствената земја беше воведена мерката пополнување на „Формулар Со Информации за Патници“ за време на летот кој содржеше информации за контакт и адреса на патникот.

Следејќи го процесот на пополнување на формуларот за време на летот и имајќи го во предвид фидбекот од патниците и сите засегнати страни, беа откирени голем број проблеми при процесот на реализирање на мерката. Со цел да се отстранат сите тие проблеми и да се обезбеди поефикасен пристап до релевантните потребни податоци: од 15.03.2021 година ќе се премине на електронско пополнување на гореспомнатиот формулар.

Во овој контекст сите патници кои планираат да патуваат со авион за Турција ќе мора пред 72 часа од нивниот лет за Турција да пополнуваат „Form for Entry to Turkey “ на веб страницата register.health.gov.tr и истиот пред летот од страна на авиокомпаниите ќе мора да се провери дали е пополнет или не (преку екран на мобилен уред или испечатен документ).

На сите патници кои не го пополниле формуларот треба да им се обезбеди пополнување на истиот пред летот. За секој настанат проблем во врска со формуларот “Form for Entry to Turkey“ авиокомпанијата е задолжен да го извести Центарот за контакт. (Тел: + 90 850 477 04 77, e-mail: hesdestek@saglik.gov.tr).