Hotel Rila

• Hotel Rila
• 48 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<

Инфо Hotel Rila

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот Рила е една од знаменитостите на Боровец и нуди совршена локација: во центарот на одморалиштето, со поглед на неколку скијачки патеки. Наспроти хотелот се наоѓаат два ски лифта, а долната станица на гондола-лифтот е на само околу 50 метри од хотелот.

• Сместување

Јавните површини се реновирани во 2015 година, собите во западното крило на хотелот се реновирани во летото 2017 година, хотелот има 9 ката со 6 лифтови, вкупно 489 соби и апартмани. Време на пријавување: после 14:00 часот, одјавување: до 12:00 часот.

• 188 Signature Twin соби (2 единечни кревети; 1 дополнителен кревет (фотелја на повлекување), макс. 2 возрасни и 1 дете до 11,99 години ) - купатило со туш и фен; не е можно сместување на 3 возрасни лица.
• 175 Superior Twin или King соби (2 единечни кревети или 1 голем кревет, 1 софа, макс. 2 возрасни и 1 дете до 11 години) – со минибар, купатило со туш и фен, типот на кревет е на барање и достапност. Не е можно сместување на 3 возрасни лица.
• Меѓусебно поврзани Superior Twin / King соби 1 Superior Twin и 1 Superior King соба со поврзувачка врата – пресметка и услови според две Superior Twin / King соби; 19 пара, во рамките на бројот на Superior Twin/King соби погоре;
• 100 Супериор фамилијарни соби (1 дупли кревет, 1 софа и 1 дополнителен кревет, минимум=макс. сместување: 2 возрасни и 2 деца до 13,99 години) – со минибар, купатило со туш и фен. Не е можно сместување на 3 возрасни лица;
• 21 Делукс апартмани: Имаат 1 дневна и 1 спална соба. Во дневната соба има тросед во форма на L (не се спушта), а во спалната соба има 1 дупли кревет, 1 софа (во некои апартмани), минибар, купатило со туш и фен, макс. 3 возрасни и 1 дете до 11,99 години; третото возрасно лице може да се смести на софата во дневната соба. Откако троседот ќе се постави како кревет, ќе остане таков во текот на целиот престој на гостите.

Сите супериор соби и луксузни апартмани се реновирани во 2017 година. Signature собите се реновирани за зимската сезона 2019-2020 година. Сите соби и апартмани имаат балкони со поглед на планините или борова шума, ТВ со рамен екран и телефон. Креветите во Супериор собите може да се спојат или да се разделат. Сефови достапни на рецепција (со доплата).

• Услуга

Полупансион.

• Содржини

Рецепција со сефови за изнајмување (со доплата), менувачница, услуга во соба (со доплата), Wi-Fi низ целиот хотел (бесплатно за гостите на хотелот), банка, банкомат, продавници, соба за игри, динамичен конференциски центар со капацитет од околу 1300 учесници, лоби бар „Champions Bar & Diner“, панорамски бар „The Terrace Lounge“ со неверојатен поглед на скијачките патеки, ноќен клуб „After Eleven“, ресторан „Самокови“ À la carte, ресторан „Сезони“, Ресторан “Les Arcs“, казино (сезонско), фризерско и студио за убавина, изнајмување скии (со доплата) и простор за чување ски - опрема, СПА центар.

За деца: Детско креветче (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторан, градинка и чување на деца (и двете се плаќаат; градинката е за деца од 4-7 години а услугата за чување на деца е за деца од 2-3 години). Градинката вклучува основни часови за скијање и забава во специјално назначен простор „Борокидс“ на дното на една од блиските ски патеки.

Без доплата: Користење затворен базен (12x25m; без детски дел) и топла када; Wi-Fi низ целиот хотел, користење Термо зона (сауна, парна бања, Cryo кабина, турска бања) и теретана, користење ски - остава за сопствена опрема.

Со доплата: масажа, СПА третмани, билијард, други игри, итн. Гаранција за депозит / кредитна картичка за користење на дополнителни услуги ќе биде побарана при пријавувањето во хотелот.

Паркинг: Надворешниот паркинг (по достапност) е бесплатен за гостите на хотелот, а гаражата (по достапност) се плаќа.

Домашни миленици: Не е дозволено.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Клуб за деца

Локација