Grand Hotel Bansko

1. Bugarija
2. South Western
3. Bansko
• Grand Hotel Bansko
• 22 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Grand Hotel Bansko

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на околу 300 метри од центарот на Банско и на околу 1,5 км од долната станица на гондола-лифтот.

• Сместување

Изграден е во 2008 година, а реновиран во 2018 година, собите се реновирани 2018 година. Има 3 блока на 4 ката, 4 лифта, 207 сместувачки единици.

• Двокреветни соби (макс. 2 возрасни) - дупли кревет, нема можност за дополнителен кревет.
• Апартман со 1 спална соба (дупли кревет и 2 дополнителни кревети, 3 возрасни + 1дете 0-5,99 или 2 возрасни + 2 деца до 11,99) – околу 60 м², има спална соба со дупли кревет и дневна соба со дупла софа на спуштање, мини кујна (без прибор за кујна).
• Апартмани со 2 спални (2 брачни кревети и 2 дополнителни кревети (макс. 5 возрасни + 1 дете) – околу 80 м², две спални соби со дупли кревет во секоја од нив и дневна соба со софа на спуштање. Има работна маса во кујната, но нема прибор.

Бесплатен сеф во секоја соба. Сите соби имаат централно или индивидуално греење, сателитска ТВ, телефон, Wi-Fi (бесплатно), мини бар (со доплата), под со тепих, купатио со туш кабина или када, фен, бањарки и влечки, електричен бокал. Некои единици имаат балкон.

• Услуга

Полупансион - Појадокот и вечерата се на база на шведска маса (зимско време). All Inclusive се нуди само во текот на летната сезона.

• Содржини

Рецепција, услуга во соба, Wi-Fi на јавни површини и во собите (бесплатно), продавници, простор за чување ски - опрема (бесплатно), ресторан, лаунџ бар, лоби бар, бар покрај базен, конференциска или сала за прослави (капацитет до 300 седишта; околу 750 м²), лекар на повик, СПА центар – нов базен со аква тоник, сауна со сол, панорамска сауна, арома сауна, био сауна, финска сауна, парна бања, турска бања, шок базен и фитнес центар Пулс.

За деца: Детско креветче (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторанот, детски базен, игралиште за деца, чување деца (на барање, со доплата), електронски игри (со доплата).

Без доплата: користење финска сауна, солена сауна, арома сауна, парна бања, турска бања, џакузи, соби за релаксација, пристап до затворен базен за аква тоник, детски базен, фитнес центар, складиште за ски опрема, шатл до крајната станица на гондола лифт и назад според распоредот на хотелот.

Со доплата: Масажа, турска бања, СПА третмани, електронски игри итн.

Паркинг: Паркинг на отворено – пред хотелот се плаќа (10 лева на ден), а зад хотелот е бесплатно.

Домашни миленици: Не е дозволено.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште

Локација