Hotel Complex Zara
- Bugarija
- South Western
- Bansko

- 47 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Hotel Complex Zara

Положба
Хотелот се наоѓа на 800 м од лифтот и 900 м од центарот на Банско.

Сместување
88 апартмани (стандардни и луксузни соби, како и апартмани со една спална соба)
- Стандардни двокреветни соби (2+0), околу 25 м², секој пар стандардни соби е поврзан со заеднички влез и заеднички балкон. Секоја соба има сопствено купатило за голема удобност на гостите. Стандардните соби се совршен избор за семејства со деца или млади групи пријатели. Макс. 2 лица.
- Делукс двокреветни соби (2+1), околу 35 м², со балкон, некои од собите имаат поглед кон Пирин планина, има два еднечни кревета или дупли кревет.
- Апартмани со 1 спална соба (2+2), околу 50 м², со балкон, посебна спална и дневна - во дневната соба има софа со 2 посебни дела со душек за поголема удобност за возрасни и деца.
- Мазонета со 2 спални (4+2), 2 посебни спални соби со купатило, сместени на 2 нивоа, и една дневна соба. Горната спална соба има голем балкон со уникатен поглед кон градот. Капацитетот на апартманот е 4 возрасни и 2 деца или 6 возрасни.
- Во хотелот има и една соба за лица со попреченост.

Услуга
Полупансион, Ноќевање со појадок и All Inclusive Light

Содржини
Хотелот нуди модерен и простран релакс центар со затворен базен со детски дел, џакузи, парна бања, сауна, турска бања, соба за релаксација, салон за убавина, фитнес секција и разни простории за масажа. Детската соба им нуди на децата одличен простор за играње и во текот на зимата услуга од професионален аниматор. Во летната сезона за најмалите има и игралиште на отворено за забава. Во текот на летната сезона хотелот им нуди на гостите уникатна градина на отворено, мал базен со детски дел. Ресторанот Зара со капацитет од 180 особи нуди појадок, ручек и вечера на шведска маса во текот на зимската сезона. Хотелот располага со гардероба за скијање која сите гости може да ја користат за лични потреби или за изнајмување ски опрема. За одржување на различни настани, хотелот Зара нуди комплетно опремена конференциска сала со дневна светлина. Капацитетот на салата за состаноци е 120 гости во театарски стил.
За деца: Детски дел од затворен базен, соба за детска игра со аниматор.
Без доплата: користење на Relax центарот (затворен базен со детски дел, сауна, парна бања, фитнес, џакузи, простор за релаксација), детска соба за играње, простор за чување сопствена ски - опрема, шатл до долната станица на гондола-лифтот (по распоред), Wi-Fi.
Со доплата третмани во центарот за релаксација. Домашни миленици е дозволено до 5 кг со доплата од 10 бг на ден
Паркинг Паркингот е бесплатен.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште