Terra Complex

1. Bugarija
2. South Western
3. Razlog
• Terra Complex
• 11 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Terra Complex

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Разлог, на 13 км од почетната станица на гондолата во Банско и на 6км од гратчето Разлог.

• Сместување

Хотелот е изграден во 2008 година, има 4 ката, 2 лифта во главната зграда, вкупно 47 соби. Делукс собите и содржините во главната зграда се реновирани во 2018 год.

• Двокреветни соби макс. 2 лица, околу 20-25м², два единечни кревета, без можност за дополнителен кревет, купатило со туш, без балкон.
• Апартмани со една спална околу 65м², 2 единечни кревета во спалната, 1 дополнителен кревет (софа на извлекување во дневната), макс. 3 возрасни или 2 возрасни + 2 деца, балкон, купатило со туш или када.
• Фамилијарни апартмани околу 80 м², 4 единечни кревета, 1 дополнителен кревет, макс. 5 лица) - 2 спални соби од кои едната може да е поврзана со дневната соба (без врата), со еден брачен кревет или два единечни кревета и дневна соба со софа на извлекување, балкон, едно или две купатила со туш или када.
• Апартмани со 2 спални соби околу 92 м², 4 единечни кревета, 1 дополнителен кревет, макс. 5 лица, две спални соби со брачен кревет или два единечни кревети и дневна соба со софа на извлекување, балкон, две купатила со туш или када.
• Апартмани со 3 спални соби околу 140 м² , 6 единечни кревета, 1 дополнителен кревет, макс. 7 лица, три спални соби со брачен кревет или два единечни кревети и дневна соба со софа на извлекување, балкон, две или три купатила со туш или када.

Во сите соби има централно греење, сателитска ТВ, телефон, минибар (со доплата), апарат за кафе или електричен бокал, Wi-Fi, фен, тепих на подот. Сите апартмани имаат апарат за кафе, машина за перење, фен, тепих на подот во спалната соба, ламинат и плочки на подот во дневната соба. На барање може да се добие прибор за јадење / чинии, пегла, даска за пеглање, прибор за готвење. Хотелот нема соби за лица со попреченост.

• Услуга

Полупансион.

• Содржини

Рецепција, сеф на рецепција (со доплата), собна услуга (со доплата), Wi-Fi на јавните простории и во собите, шкаф за сопствена ски опрема, изнајмување ски опрема и обука (со доплата), лоби бар, главен ресторан, À la carte ресторан, соба за игри, конференциска сала (капацитет до 100 седишта), зона за релаксирање.

За деца: Детско креветче (на барање), детски столчиња за хранење, детско игралиште, игротека, чување деца (на барање и со доплата), компјутерски игри (со доплата).

Без доплата: шатл превоз до почетната станица на гондолата во Банско според распоредот од хотелот, употреба на загреан внатрешен базен (20м x 7м, 31°C), сауна, џакузи, парна бања, Wi-Fi.

Со доплата пинг понг, билијард, масажа, турска бања, СПА третмани итн.Домашни миленичиња не се дозволени.

Паркинг Надворешниот паркинг без обезбедување е бесплатен, гаражата е со доплата.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација