MPM Hotel Mursalitsa

1. Bugarija
2. South Western
3. Smolian
• MPM Hotel Mursalitsa
• 9 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<

Инфо MPM Hotel Mursalitsa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во одморалиштето Пампорово на 1700 метри надморска височина, на мирна локација, многу блиску до ски центарот Студенец и скијачката патека бр. 6.

• Сместување

Изграден е во 2009 година, а реновиран во 2016 година. Има една зграда на 6 ката со 1 лифт, и вкупно 58 сместувачки единици – 26 двокреветни соби, 7 студија, 19 еднособни апартмани, 6 апартмани со две спални.

• 26 двокреветни соби (2 единечни и 1 дополнителен кревет, макс. 3 возрасни), околу 25-32 м² – брачен кревет (160х200) или два единечни кревета (90х200), фотелја. Повеќето двокреветни соби имаат балкон.
• 7 студија (макс. 2 + 2 деца / 3 деца + 1 возрасен) околу 35-54 м² - брачен кревет (160x200) или два единечни кревета (90x200), достапни се два дополнителни кревета.
• 19 апартмани со 1 спална соба (макс. 5, 2 единечни (трет на барање) и 2 дополнителни кревета, 2 возрасни и 3 деца / 3 возрасни и 2 деца), околу 52-65 м² – две простории одвоени со врата: спална соба со брачен кревет (180x200) или единечни кревети и дневна соба со дупла софа на спуштање; балкон.
• 6 апартмани со 2 спални (4 единечни и 2 дополнителни кревета, макс. 6 возрасни или 4 возрасни и 2 деца), околу 56-67 м² – 3 соби одделени со врата: две спални соби со брачен кревет или единечни кревети во секоја од нив и дневна соба со дупла софа на спуштање; балкон.

Сите апартмани имаат парно, 32'' LCD, кабелска телевизија, телефон, мини бар (со доплата) или мини фрижидер, Wi-Fi (бесплатно), тепих на подот, купатило со туш, фен, бањарки и влечки, кујна без апарати.

• Услуга

Полупансион.

• Содржини

Рецепција, сефови за изнајмување (со доплата), Wi-Fi на јавни површини (бесплатно), лоби бар, главен ресторан, џакузи, внатрешен базен, спа објекти и третмани, фитнес центар.

За деца: Детско креветче (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторанот (бесплатно), електронски игри (со доплата).

Без доплата: Користење сауна, парна бања, фитнес, внатрешен базен, надворешен паркинг и Wi-Fi.

Со доплата: билијард, масажи, џакузи, спа третмани, внатрешен паркинг со 12 места.

Паркинг: 12 внатрешни места со доплата од 20 лева на ден; бесплатен надворешенпаркинг без надзор

Домашни миленици: Паркинг на отворено – бесплатно за гостите на хотелот.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Клуб за деца

Локација