ZYA Regina Resort & Aqua Park

1. Egipet
2. Crveno more
3. Hurgada
• ZYA Regina Resort & Aqua Park
• 21 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо ZYA Regina Resort & Aqua Park

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во центарот во центарот на Сакала сместен во прекрасна градина, на околу 500 метри од новата марина и на околу 9 километри од аеродромот во Хургада. Околу хотелот има многу ресторани, барови и продавници. Во близина на хотелот се наоѓаат ресторанот „Star Fish“, „McDonalds“ и „Costa Café“.

• Сместување

Собите се двокреветни (двоен или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет со дополнителен кревет).

• Стандардни соби со површина од 33 м² и имаат поглед на градината.
• Бунгаловите имаат површина од 36 м² и се еднокатни згради со поглед кон градина.
• Супериорните соби се со површина од 40 м² и имаат поглед на базен.
• Делукс собите се со површина од 37 м² и имаат страничен поглед на море или директен поглед на море.

Сите сместувачки единици се опремени со: минибар (доплата на лице место), сателитска ТВ, телефон, клима уред, купатило со када или туш, фен.

• Услуга

All Inclusive шведска маса - самопослужување, избор на повеќе јадења, правилото на хотелот е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга. Лесни оброци и освежителни пијалоци се служат во Shark Stop Bar, Beach Bar и Pool Bar.

• Содржини

3 надворешни базени и центар за нуркање. Спортови на вода, како што се нуркање и сурфање на ветер се достапни со доплата на лице место. Хотелот располага и со ресторан, Спа и велнес центар со различни третмани, фитнес, турска бања, сауна, масажа, анимација, аеробик, сквош, пинг-понг, билијард, детски базен и игралиште, Wi-Fi интернет во одредени делови на хотелот. Услугата All Inclusive не вклучува консумирање пијалоци од мини бар или мини фрижидер во хотелската соба или сместувачката единица, гледање одредени ТВ канали во сместувачката единица, користење масажа, спа, сауна, џакузи, фитнес, парна или турска бања, сеф, телефон, интернет, спортови на вода - моторизирани и немоторни, храна и пијалоци во барови и ресторани A la Carte, депозит за пешкири, користење на спортски терени, изнајмување опрема, рекети и тениски топчиња, користење на хемиско чистење, пеглање и перење, паркинг, гаража, билет за аква парк и слично. Детални информации за доплатите и цените на хотелските услуги, како и работното време на баровите, рестораните и хотелските капацитети се достапни по пристигнувањето во хотелот на рецепцијата од хотелот.

• Плажа

Хотелот има сопствена песочна плажа непосредно пред хотелот, дел од плажата има корален гребен каде се препорачуваат чевли за вода. Плажата има лежалки и чадори за сонце кои се бесплатни.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација