Crystal Family
- Turcija
- Antalija
- Belek

- 57 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Crystal Family

Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупно 372 соби во 4 хотелски згради на 5 ката.
- Стандардни соби (27м², една спална соба со кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 деца),
- Фамилијарни соби (40м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица),
- Фамилијарни соби со кревети на спрат (40м², две спални соби со француски кревет + кревети на спрат за деца, едно купатило, макс.3 + 2 деца
- Јуниор апартмани (58м², една просторија за дневен престој, една спална, едно купатило со џакузи, LCD TV и DVD player).
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, влечки, систем за климатизација кој работи во зависност од временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, сеф, ќилим на подот, TV со сателитски програми и музички канали, интернет конекција WI-FI до 56 Kbps, балкон.

Услуга
Ultimate Сѐ Вклучено –Локален и здрав концепт - 24 часа услуга на храна и пијалоци. За добредојде во хотелот се послужува традиционален турски пијалок шербет и крпи за освежување, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диетално бифе, храна за бебиња, специјално детско бифе, вегетаријанско бифе, снек ресторани во текот на денот, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна во вечерните часови со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во определени часови, попладне торта, чај и кафе, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не се вклучени во концептот: премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, флаширани пијалоци и во лименка, свежо цедени сокови, Fish À la Carte ресторан .

Содржини
Главен ресторан и À la Carte ресторани: турска кујна, италијанска кујна, рибен ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престој од 7 дена, 7 бара во целиот хотелски комплекс. Со доплата се услуга за доктор, перална и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет ќоше, изнајмување кола. WI-FI до 56 Kbps во целиот хотел е бесплатно.

Плажа
Приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи (со депозит) за плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски терени, одбојка на плажа, мини голф, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба - бесплатно. Со доплата: масажа, СПА велнес и центар за убавина, спортови на вода, осветлување за тениските терени, куглање, билијард и играчница, професионално фудбалско игралиште. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални забавни програми во вечерните часови, кино. Crispy Kids World мини клуб за деца од 04-12 години, и клуб за деца од 13-17 години се на располагање во текот на денот и мини диско во вечерните часови.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа