Granada Luxury Belek

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Granada Luxury Belek
• 78 слики

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Granada Luxury Belek

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 33 km од аеродромот во Анталија и 42 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 986 соби.

Стандардни соби (25- 36 m², една спална соба, купатило, макс. 2+2 деца).

Фамилијарни соби (37,5 m², две одвоени спални соби, купатило, макс. 4 лица).

Фамилијарни делукс соби (45 – 63 m², две спални соби, две купатила, макс. 4+1 дете).

Wonderland стандардни соби (26 m², лоцирани во Wonderland делот од хотелот, една спална соба, едно купатило, мкас.2 + 1 дете + 1 бебе).

Lake House Family (54 – 61 m², лоцирани покрај базенот, две спални соби, две купатила, собите на приземје се со директен пристап на базен, собите на кат се со балкон, макс. 4 лица). Сите соби имаат сопствени купатила со туш кабина, бањарка, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, вода, минерална вода, пиво, вафли, крекери се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитски и музички канали, балкон, WI-FI интернет конекција.

Maldive Houses (37 m², лоцирани во Wonderland делот од хотелот, една спална соба, едно купатило, директен пристап до базен од терасата, макс.2 лица).

Wonderland pool deluxe соби (48 m², лоцирани од страна на базенот во Wonderland делот, една спална соба, една дневна соба, две купатила, макс.2 лица).

Senior апартман (168 m², во главна зграда, три одвоени спални соби, една дневна соба со кујна, три купатила, макс.6+ 1 дете).

Princes апартман (61 m², во главна зграда, една спална соба, одвоена со врата од дневна соба, две купатила, макс.2+1лице).

Perla апартман (60 m², главна зграда, една спална соба, една дневна соба, две купатила, макс.2+1 лице).

King Апартман (95 m², во главна зграда, една спална соба одвоена со врата од дневна соба, две купатила, макс.2+1 дете).

King Luxury (136 m², две спални соби и една дневна соба, одвоени со врата, три купатила, макс. 4+1лице).

Granada Вила (205 m², лоцирана во делот со вили, три спални соби, една дневна соба, три купатила, приватен надворешен базен, кујна, макс.7 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, бањарки, влечки, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци, вода, минерална вода, пиво, вафли, крекери се надополунува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.

Овие типови на соби - Maldive House, Wonderland Pool Deluxe, Senior Suit, Princes Suit, Perla Suit,  King Suit, King Luxury - имаат

Луксузен плус концепт: При пристигнувањето, гостите  за добредојде добиваат чинија со овошје, чинија со чоколади и турски слатки, шише со вино, шише шампањ, асистенција, рано пријавување и касно одјавување зависност од расположивост на соби во хотелот, користење на À la Carte ресторан (еднаш за престој од мин.4 ноќи) и користење Relax павилјон еднаш  (за мин.престој од 7 ноќи).

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци - пијалак по пристигнувањето во хотел, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, готварско шоу, диететско бифе, полноќна закуска, вегетаријанско бифе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед, слаткарница, свежо цеден сок за појадок, бар на базен, снек бар на плажа од 10ч до 18ч, детска храна за време на главните оброци во главниот ресторан.

Со доплата се: Увозни пијалаци кои не се на менито, премиум пијалаци, висококвалитетни вина, шампањ, À la Carte ресторани со претходна резервација, Chocolate House, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан „Гранд Сабор” за шведска маса, À la Carte  ресторани Fuego-Steak House, Carat VIP À la Carte  ресторан со интернационална кујна, The Azul Felicia - медитеранска кујна, Turkuaz - турска кујна, слаткарница, кафе бар и други барови во хотелскиот комплекс.

Со доплата се: Доктор, чување деца, перење алишта, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола, услуга во соба.

Wi-fi интернет е бесплатен во целиот хотел и на плажа.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 1750 метри од хотелот (бесплатен превоз од хотел до плажа постојано).

Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

Приватни павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Во главната зграда има отворени и затворени базени за деца и возрасни, еден базен со морска вода во СПА центрот, аквапарк, турска бања, сауна, парна бања, солена соба, фитнес центар, тениски игралишта, опрема за тенис, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард не се наплаќаат.

Со доплата се: Масажи, SPA центар, спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, куглање, соба за игри дополнително.

Wonderland делот: Главен базен за возрасни (10.000 m²), аквапарк за возрасни, мрзлива река, полуолимписки базен, Palm Beach - детски базен, детски аквапарк. Масажи, SPA центар, спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, куглање, соба за игри дополнително се наплатуваат.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажата, шоу програми во вечерните часови, три пати неделно жива музика, кино. Мини клуб за деца 4-12 год и тинејџерски клуб 13 -16 год, мини кико, програми во текот на денот и анимации, мини диско во вечерните часови. Забавниот парк е со доплата.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Спорт и забава
• Ноќен клуб
• Пикадо
• Сала за вежбање (Теретана)
• Тенис
• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа
• Ресторани и барови
• Ресторан
• Базени
• Надворешен базен

Локација