Kaya Palazzo Golf Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Belek
  • Kaya Palazzo Golf Resort
  • 74 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Kaya Palazzo Golf Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Белек на 35 км од центарот на Анталија и 27 км од аеродромот.

  • Сместување

    Вкупно 493 соби во главната зграда, 120 луксузни лагуна апартмани (нови соби) и 13 вили.

    Главна зграда:

    Супериор соби (39 м²; една спална соба, дел за седење со софа кревет, едно купатло, макс.2 + 2 деца).

    Дуплекс фамилијарен апартман (108 м², две спални соби, една дневна соба, 3 тоалета, 3 туша, едно купатило со џакузи, макс. 4 + 2 деца).

    Апартман со поглед на море (79 м², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со лизгачка врата, купатило со џакузи, друго купатило со туш, тераса или балкон, макс. 3 + 1дете).

    Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш, када, фен за коса, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво, мало шише вино, чоколадо, бисквит се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ќилим на подот, WI-FI интернет.

    Luxury Lagoon suite: тоа се нови простории во градината (зад главната зграда), секоја просторија е 75 м², една спална соба со просторија за седење, едно купатило, сите соби се со тераса со директен пристап до заеднички базен (се загрева во зима), корпа со овошје, специјален сет во комбинација со увoзни пијалоци, чај и кафе, бањарка, влечки, макс.2+2 деца.

    Специјални апартмани и вили:

    Swim Up супериор соба (39 м², собите имаат само поглед на базен, една спална соба со француски кревет, простор за седење со софа на извлекување, едно купатило, директен пристап до заеднички базен, макс.2 + 1 лице).

    Suit Sea view (79 м², просториите се со поглед на море или базен, една спална соба, една дневна соба со лизгачка врата, 2 тоалета, купатило со џакузи, макс.3 + 1 дете).

    Swim up suit (79 м², со поглед на море или базен, една спална соба со француски кревет одвоена со лизгачка врата од дневната соба, две купатила, едно со џакузи, тераса со директен пристап до заедничкиот базен, макс.3+1дете)

    Дуплекс фамилијарен апартман (108 м², две спални соби, една дневна соба, 3 туша, едно купатило со џакузи, балкон, макс. 4 + 2 деца).

    Дуплекс Swim Up апартман (108 м², со поглед на базен, две спални соби, една дневна соба, купатило со џакузи, три туша и тераса со директен пристап до заеднички базен, макс.4 + 2 деца).

    Palazzo suite (108 м², главна зграда со поглед кон море и базен, една спална соба со француски кревет, една дневна соба, одвоени со лизгачка врата, 2 тоалета, два туша, џакузи, тераса со седење, макс.3 + 1 дете).

    Maldives Villas (175 м², директно на плажа, со 1 голема спална соба со соблекувална и бања, уште две спални соби, две купатила со џакузи и туш, приватен отворен базен, трпезарија со кујна, приватна површина за сончање и павилјон на плажа, макс. 6 лица).

    Swim up Villa (138 м², директен влез во заедничкиот отворен базен од собата, една голема спална соба со соблекувална, две спални соби, дневна соба со американска кујна, две купатила една со џакузи, приватен павилјон на плажа, една соба за дадилка, тераса со простор за седење, макс. 6 лица).

    Golf Villa со 2 спални соби (130 м², лоцирана на голф - клуб Kaya Eagles, 2 спални соби, една дневна соба со американска кујна, едно купатило со џакузи, друго купатило со туш, тераса со дел за седење, приватен базен 96 м², приватен павилјон на плажа, макс. 4 лица).

    Golf Villa со три спални соби (265 м², лоцирана на голф-клуб Kaya Eagles Golf club, три спални соби, една дневна соба со американскa кујна, едно купатило со џакузи, уште две купатила со када, тераса со дел за седење, приватен базен 135 м², една соба за дадилка, приватен павилјон на плажа).

  • Услуга

    Palazzo сѐ вклучено – пијалок за добредојде и кошница со овошје во собата по пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и ужина во вечерните часови, локални и брендирани увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, разно свежо овошје, сокови, дел за вино во главниот ресторан, производи на кока - кола, избор на чај и кафе, сладолед, коктели, меѓународни егзотични коктели во сите барови.

    Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, À la Carte рестораните со претходна резервација и доплата, специјални вина и флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, сите пијалоци во бар голф клуб, услуга во соба.

  • Содржини

    Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

  • Плажа

    Главен ресторан за услуга - сѐ вклучено, À la Carte е ресторани - Vada - азиски ресторан, Serafina - италијански ресторан, Steak House, Lagoon restaurant, барови на различни места околу хотелскиот комплекс, отворен Диско Клуб. Продавници, перење и хемиско чистење, лекар, чување деца, фризер, салон за убавина, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернет бесплатно во собите и во целиот хотел.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени  базен, ВИП базени за возрасни, детски базен, Аква Парк, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка, мини голф се бесплатни.

    Со доплата: осветлување на тениските игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, фудбалски игралишта, терени за голф (во близина на хотелот), масажа, СПА и центар за убавина, спортови на вода, центар за игри, јавање коњи. Забавни програми за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, кино.

    Постои мини клуб за деца од 4 - 12 и тинејџерски клуб од 13 - 16 години со програми во текот на денот, во вечерните часови Mini Disco.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација