Dosinia Luxury Resort
- Turcija
- Antalija
- Kemer
-
-
-
-
-
- 52 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Dosinia Luxury Resort
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белдиби на 10 км од Кемер, 35 км од центарот на Анталија и 45 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 440 соби во два блока.
Стандардни соби (22 м², една спална со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 дете).
Стандардни соби со кревети на спрат (26 м², спална со француски кревет + кревети на спрат за деца , едно купатило, макс.2+2 деца).
Фамилијарни соби (33 м², две спални одвоени со врата, во едната соба има француски кревет, а во другата кревети на спрат + дополнителен кревет, едно купатило, макс. 3+2 лица),
Swim Up Соби со директен пристап на базен (26 м², една спална соба, едно купатило, терасата е директно поврзана со базенот, макс.2+1 лица).
Стандардни соби во градината се исти како и стандардните соби во главниот блок, но лоцирани во близина на главниот блок и имаат само поглед на копно.
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, клима уред, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, бањарка, WI-FI (ниска брзина), сателитска телевизија со музички канали, балкон.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – пијалок за добредојде на рецепција, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневна закуска, торта, колачи, вечера и ноќна закуска, сите локални и стандардни (избрани од хотелот) увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, закуска на плажа.
Не е вклучено: премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани со доплата и претходна резервација, услуга во соба, увозни пијалоци во Irish Pub. Помеѓу 03.00 – 10.00 часот пијалоците се доплаќаат.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Hurrem (морска храна), Mama Mia (Steak House), барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI – FI интернет е бесплатен во соби и на јавни површини.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. (Има пат помеѓу плажата и хотелот.)
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг се без доплата. Велнес и Спа центар, масажа, спортови на вода, билијард се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и нa плажа, шоу програми навечер. Mини клуб за деца од 4 – 12 години организиран од професионален тим, базен за деца и игралиште.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.