Concorde de Luxe Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Concorde de Luxe Resort
• 70 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Concorde de Luxe Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 16 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 401 соби.

• Делукс соби (28-32 м², една спална, едно купатило, 2+1 лица).
• Дуплекс делукс соби (47 м²; на 7- ми кат, на првиот кат има две софи, купатило, на вториот кат една спална соба и купатило, првиот и вториот кат не се одвоени со врата, сите се со поглед на море, макс.2+2лица).
• Јуниор делукс апартмани (43-56 м², мал дел за одмор и мало купатило на влезот од собата, една спална соба со купатило, поглед на море или градина, макс. 4 лица).
• Фамилијарни делукс апартмани (55-68 м²; една дневна соба одвоена со лизгачка врата од спалната соба и купатилото, и една голема спална соба со купатило одвоена со врата од другите соби, сите се со поглед море, макс. 4 лица).
• Гранд делукс апартмани (61-70 м², две спални соби, две купатила и дневен дел, сите се со поглед на море)
• Кралски апартмани (81-134 м²; лоцирани на најгорниот кат од хотелот).

Сите соби се во модерен стил со купатило со када или туш, фен, централен клима уред, бањарка, влечки, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, wi-fi интернет (бавен), под со тепих и балкон.

• Услуга

Делукс Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, снек ресторан со две различни сет мениа, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина во доцни вечерни часови. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, корпа со овошје на пристигнување, свежо цеден сок за време на појадокот. Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, стари вина, сите флаширани пијалоци, Habana барот за пури, À la Сarte рестораните, мени со вина во À la Сarte рестораните, Наргиле, услуга во павилјоните на плажа.

• Содржини

Главен ресторан Le Buffet со шведска маса, À la Carte ресторани - Da Vinci (италијански), Asiana (далечен Исток), Daрhne (турски), Poseidon (рибен), Vinario (steak restaurant, забрането за деца до 12 години), BBQ À la Carte ресторан - сите се со претходна резервација, Food court (самопослужување за брза храна), Neyzen Pancake Pavilion (турски палачинки), Café Mundo (сервис за кафе и слатки), барови во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола, шопинг центрите се наплатуваат. Wi-Fi интернет бесплатен низ хотелскиот комплекс.

• Плажа

Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павилјоните дополнително се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, две тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, мал фудбал, мини голф, пинг понг. Спортови на вода, SPA & Wellness центар, осветлување тениски терени, часови по тенис, куглање, билијард, соба со игри, соба со пареа, масажа, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Тематски вечери секоја недела, Гала вечери на секои 14 дена, жива музика. Moppet мини клуб за деца од 04-12 год.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација