Delphin Diva

1. Turcija
2. Antalija
3. Lara
• Delphin Diva
• 30 слики

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Delphin Diva

• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара, 10 km од аеродромот и 15 km од центарот на градот.

• Сместување

Вкупно 475 соби.

380 - Стандардни соби (26-30 m²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа 175х75 цм, едно купатило, макс. 2+2 деца).

74 - Дуплекс фамилијарни соби (47 m²; на горниот кат има една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило со туш, на долниот кат има два единечни кревети, едно купатило со када, балкон, макс.3+2 деца)

4 соби за лица со попреченост.

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со безалкохолни пијалаци, вода и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај,  ламинантен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон или тераса. WI-FI интернет е бесплатен.

Специјални соби:

Апартман за меден месец за гости кои се на меден месец (80 m², кружна розова соба, спална со тркалезен кревет, дневна, трпезарија, простор за релаксација, џакузи, тоалет, панорамски поглед на море, VIP сервис, без балкон).

11 - Делукс фамилијарни соби (85 m²+ 60 m² тераса, две спални соби, едно купатило, џакузи на тераса, VIP сервис, макс.5 + 1 лице).

Претседателски апартман (108 m²+60 m² тераса, салон, спална со голем (king size) кревет, купатило со џакузи, дневна со софа, трпезарија со бар, поглед море и лежалки на терасата, VIP сервис, макс. 2+1 лица).

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шампањ за добредојде, овошје и вино во собата при пристигнување, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, чај, кафе, вечера и ужина доцна навечер. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалаци, стандардни увозни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (само еден À la Carte ресторан за 7 дена е бесплатен, секој следен пат се наплатува). Диететска храна и храна за деца во главниот ресторан.

Со доплата се: Премиум увозни пијалаци, специјални пијалаци и флаширани вина, услуга во соба, повторно користење на À la Carte ресторан и Teppanyaki дополнително.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, за појадок, ручек и вечера, À la Carte ресторани - Le Kebab (турски), Blue fish (рибен), Pekin (кинески), Margarita (мексикански), Dolce Vita (италијански), Teppenyaki (јапонски, со доплата),  Dragon (суши ресторан). Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Диско клуб.

Со доплата се: Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола, фризер, салон за убавина, продавници.

Интернет во лобито и собите е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчињa. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.

• Спорт и забава

Надворешен  и внатрешен базен за возрасни и деца, базен за релаксирање само за возрасни (над 15 години), тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа не се наплаќаат.

Со доплата се: Осветлување на тениските терени, спортови на вода, Спа и Велнес центар, школа за нуркање, куглање, билијард, компјутерски игри.

Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Забавен парк и Мини клуб за деца од 4-12 год, со различни активности во текот на денот и вечерта.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација