Crystal Admiral
- Turcija
- Antalija
- Side

- 45 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Crystal Admiral

Положба
Хотелот се наоѓа во Кизилот, Сиде, на 80 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 834 соби.
- Стандардни соби (вклучувајќи и 8 соби за лица со попреченост, 35 м², една спална, едно купатило, макс. 3+1 лице).
- Еко соби (22 м², една спална и едно купатило, француски балкон, ги има на секој кат, макс. 2 лица)
- Дуплекс фамилијарна соба соба (55 м², лоцирани на првиот и на последниот кат, две спални -два единечни кревета на приземје и француски кревет на горниот кат, едно купатило, макс. 4 лица).
- Јуниор апартмани (50 м² една спална, една дневна, едно купатило, макс.3 лица).
- Апартмани за меден месец (48 м² една спална, едно купатило, џакузи, макс. 2 лица).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, влечки, клима уред, телефон, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), килим на подот или плочки, WI-FI интернет, балкон, сателитска ТВ и музички канали.

Услуга
Local & Healthy Ultra all inclusive локален и здрав концепт со 24 часа храна и пијалоци. Освежителни крпи и традиционален турски пијалок (шербет) за добредојде, појадок, продолжен појадок, ручек, вечера, диететско бифе, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, специјално детско бифе и дел за подготовка на храна за бебиња, ресторани за закуски во текот на денот, сладолед во определени часови од денот, попладне колачи, чај, кафе, детокс бар, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна навечер со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: увозни премиум алкохолни пијалоци, странски и специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, Витамин бар, Рибен À la Carte ресторан.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса , À la Carte ресторани - со турска и италијанска кујна, рибен ресторан, барови во хотелскиот комплекс. Доктор, услуга за перење, хемиско чистење, шопинг центар,чување деца, фризер, изнајмување кола, компјутерски игри, телефон, факс се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња. Чадори и лежалки за сонце се бесплатни. Крпи (со депозит) за плажа се бесплатни. Има подземен пат помеѓу плажата и хотелот.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, Аква парк, тениски терен, одбојка на плажа, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни. Масажа, СПА и центар за убавина, СПА базен, сите спортови на вода, осветлување на тениските терени и опрема за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри се со доплата. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални вечерни шоу програми. Crispy Kids World – мини клуб за деца од 4-12 години во текот на денот и мини диско навечер. За тинејџери од 13-17 години исто има организирани дневни и вечерни програми.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа