The Sense Deluxe
- Turcija
- Antalija
- Side
- 22 слики

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel
Инфо The Sense Deluxe

Положба
Хотелот се наоѓа на 4 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 374 соби во пет блока.
Стандардна соба: (26 m², една соба со француски кревет + кревет на расклопување, купатило, макс. 2+1 лица).
Стандардна соба тип 2 (26 m², една соба со дупли кревет + кревет на расклопување, второто дете спие со родителите, нема четврт кревет, едно купатило, макс.2+2 деца).
Swim up соби (26 m², лоцирани на приземје, една соба со дупли кревет + софа, купатило, макс.2+1лица).
Јуниор апартмани (37 m², една поголема соба со дупли кревет, софа, купатило, макс.3 лица).
Дуплекс фамилијарни соби (45 m², две спални соби, долу се единечните кревети, а горе по скалите е отворена галерија, француски кревет, две купатила, макс.4 лица).
Апартмани (48 m², една голема соба со француски кревет + две софи, едно купатило, макс.3 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци и вода на пристигнување, а потоа се надополнува само со вода), електричен бокал, кафе, чај, сеф, LCD ТВ сателитски канали и музички канали.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, ноќни закуски, À la Carte ресторани со претходна резервација eднаш во текот на престојот од 7 ноќевања во еден од нив. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00-24.00 часот, сладолед само во одредени саати, снек бар на плажа од 10.00-18.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пијалаци во шише и лименка, специјални вина, сите пијалаци по 24.00 часот.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Osmanli (турски), Lagos (рибен), La Vitas (италијански), барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата: се доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола.
WI – FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.

Плажа
Хотелска песочна плажа на 200 m од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни.
Има бесплатен превоз до плажа.

Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, еден базен за возрасни (+16), тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа, билијард.
Се наплаќаат: спортови на вода, спа и велнес центар и масажа.
Забавни програми во текот на денот. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца