Yasmin Bodrum Resort

  1. Turcija
  2. Egejski Breg
  3. Bodrum
  • Yasmin Bodrum Resort
  • 58 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Yasmin Bodrum Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Гумушлук на 50 км од аеродромот Милас и 20 км од центарот на Бодрум.

  • Сместување

    Вкупно 484 соби.

    Клуб Стандардни соби (29 м², еден дупли кревет или два единечни кревети и софа, во објекти околу главната зграда на 50 до 500 м оддалеченост, поглед на градина или море, макс. 2+2 лице).

    Стандардни соби во главната зграда (29 – 33 м², се наоѓаат во главната зграда на хотелот, поглед на градина, базен или море, макс. 2+2).

    Соби за лица со попреченост (сите пречки се отстранети во специјално дизајнирани простории за лица со попреченост).

    Клуб Јуниор апартман (38 м², во главната зграда, една спална соба со дупли кревет одвоена со врата од дневната соба со софа, едно купатило, поглед на градина, базен или море, макс.2+2).

    Јуниор апартман во главната зграда (38 м², во главната зграда, една спална соба со дупли кревет и една дневна соба со софа, едно купатило, макс.3+1).

    Сите соби имаат балкон или тераса, приватно купатило, фен, клима, сеф, сателитска ТВ, електричен бокал, сет за кафе и чај, мини бар (секојдневно се полни со вода и сокови), телефон, влечки, Wi-Fi интернет со доплата (освен во клуб стандардни соби и клуб јуниор апартмани), плочки на подот.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, доцен појадок, полноќни закуски, закуски во текот на денот, сладолед во одредено време од денот, колачи, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторан (бесплатно и со претходна резервација за мин.7 дена престој), кафе и чај, пијалок за добредојде . Со доплата се премиум пијалоци, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (турски, италијански, суши и јапонска кујна, морска храна), лоби бар, диско бар, барови  низ хотелскиот комплекс.

    Со доплата се доктор, медицинска сестра, перење алишта, продавници, изнајмување кола, фризер, интернет кафе, соба со игри се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен во лоби, на другите места е со доплата.

  • Плажа

    Приватна хотелска плажа со песок и камчиња, со 3 платформи. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. ВИП павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, одбојка на плажа, пинг понг, тениски терени, мини фудбал, пикадо, гимнастика, табла, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни.

    Со доплата се спортови на вода, осветлување и опрема за тениските терени, нуркање, билијард, масажи и третмани за убавина се со доплата.

    Дневни забавни програми за деца и возрасни, забави на плажа, забави навечер. Мини клуб за деца 4-12 год, мини диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација