Истанбул 8 Март

Истанбул - 8 Март 2024

header
  • Опис на патувањето
  • Програма за патување
  • Галерија
  • Термини и цени
  • Што е вклучено
  • Екскурзии
  • Сместување
  • Важни информации

Опис на патувањето

Престолнина на империи, град кој владее на два континента, средиште на цивилизации и култури - се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите - безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот. За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…

Рута
Скопје
Истанбул
Скопје
Превоз
Авион + трансфер
Сместување
Сместување во хотел Ramada by Wyndham Istanbul Old City 4*
Услуга
Ноќевање со појадок
Тип на патување
8-мо мартовско патување
Дестинации
Истанбул
Времетраење
3 дена / 2 ноќи
Трансфер
Вклучен
Поаѓање
08.03.2024, 06:45AM
Екскурзии
Факултативни екскурзии со доплата

Програма за патување

+
  • 1 ден - 08.03.2024 (Петок)

    +

    Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог-Прошетка по Лалели, посета на Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници кои привлекуваат илјадници туристи, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, Посета на Karakoy – место со премногу улички со кафичи, една од нив е познатата улица на чадорите, шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. … Ноќевање. Во вечерните часови (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во Осмомартовска турска вечер со ноќно крстарење по Босфорот (вклучена вечера , пијалок и забава) Враќање во хотел. Ноќевање.

  • 2 ден - 09.03.2024 (Сабота)

    +

    Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. Слободно време за индивидулни активности. Предлог: Посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Ноќевање.

  • 3 ден - 10.03.2024 (Недела)

    +

    Појадок. Одјавување од хотел. Во 08.30 часот (факултативен) Панорамски разглед на градот со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан. Слободно време за ручек. Враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром околу 16:30 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот.

Галерија

Термини и цени

  • Image
    Истанбул - 8 Март
    Слободно
    Поаѓање
    08.03.2024
    Денови
    3
    Цена
    €339

Во цената се вклучени следните услуги

  • Авио билет Скопје – Истанбул - Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер: аеродром – хотел - аеродром
  • 2 ноќевања со појадок Ramada by Wyndham Istanbul Old City 4*
  • Организација и пратител на патувањето

Не е вклучено

  • Посета на Долмабахче, Ушкудар, Кузунџук и Чамлиџа
  • Вечера на брод - вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
  • Панорамски Разглед на градот со посета на Хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Топ Капи
  • Патничко и здравствено осигурување - 200 ден

Екскурзии

Сместување

Сместување во хотел Ramada by Wyndham Istanbul Old City 4*

Image

Важни информации

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 мкд)
  • За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 7 дена пред тргнување
  • Краен рок за пријавување 20.02.2024. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел