Индивидуални патувања

Индивидуални патувања
  • Малдиви
    Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов. Малдивите имаат претрпено значителна штета од цунами во Индискиот океан во декември 2004 година. Нудизам е забранет со закон, вклучувајќи ги и плажите на одмаралиштата. Во повеќето ресторани не е дозволен престој во костими за капење.
  • Занзибар
    Синоним за рај или хедонизам - островот Занзибар (Zanzibar). Островот на зачините е тропски остров на кој во својата историја влијание имале персиската, арапската, португалската и британската култура. Занзибар (Zanzibar) служел како место за одмор на трговските патници на релација Европа (Europe) - Индија (India).