Сезонски програми

Сезонски програми
  • Истанбул | 2, 3, 4 и 5 ноќи
    Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти. Главниот град на 3 империи ќе Ве освои, бидејќи не е само име од историјата. Ова е единствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед
  • Дубаи | 8 дена - 6 ноќи
    Дубаи е најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати и без сомнение може да се каже дека е една од наjпосетените дестинации на светот. Се наоѓа на југоистокот на Персискиот залив. За само неколку години, Дубаи стана синоним за луксузен живот, центар на меѓународниот бизнис и атрактивна туристичка дестинација со секој облик на разонода што може да се замисли. Преубави плажи, луксузни хотели, импресивни архитектонски решенија како Бурџ ал Араб, Бурџ Калифа, островот во форма на палма и многу други ќе ви го одземат здивот, а патувањето во Дубаи незаборавно. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинското сафари. Плажите се атрактивни и нудат бројни активности кои уживањето го прават совршено. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која одушевува со својот бел песок и тиркизно то сино море. Дубаи е идеална дестинација за тие кои сакаат да уживаат во летото, дури и кога летните месеци се веќе поминати.
  • Кападокија | 3 или 4 ноќевања
    Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa
  • Хургада - сезонски програми
    Од мало рибарско село, препраснато во еден од најпознатите туристички центри на Црвеното море, Хургада нуди безброј опции за незаборавен одмор за сечиј вкус. Тука Ве очекуваат прекрасни плажи, журкање до раните утрински часови и незаборавно нуркање во длабочините на тиркизните води, сето тоа залиено со уникатен египетски шарм.
    Хургада - сезонски програми
  • Шарм ел шеик
    Познат како бисер на библискиот Синај, Шарм Ел Шеик ќе ве воодушеви со своите кристално чисти води, корални гребени, како и со шаренилото на богатиот подводен свет. Подгответе се за едно уникатно искуство, кое е совршен спој на море и земја, активности и опуштање.
    Шарм ел шеик банер