Велигденски програми

Велигденски програми - Авион
  • Истанбул | 4 дена - 3 ноќи
    Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти. Главниот град на 3 империи ќе Ве освои, бидејќи не е само име од историјата
  • Анталија | 5 дена - 4 ноќи
    Град со преку 300 сончеви денови во годината, богата историја, модерни зданија и преубави плажи, Место каде земјата го допира рајот. Анталија е сместена во истоимениот залив, се состои од два дела: едниот современ со широки булевари, трговски центри, богат ноќен живот, и стариот дел Kaleici – обновен и претворен во туристички центар на градот. Стариот град е подигнат покрај старото пристаниште, со тесни поплочени улици, стари турски куќи, џамии и хамами кои сведочат за старата архитектура и некогашниот начин на живот. Анталија претставува еден од 5-те најпосетени градови на светот со над 10 милиони туристи годишно. Посетете ја и откријте зошто...
  • Кападокија | 6 дена - 4 ноќи
    Магична земја од глина, сместена во срцето на Турција, позната по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “земја на убави коњи”. Регионот Кападокија, со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и ќе Ви остават мистичен и магичен впечаток. Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на месечевата површина. Бидете подготвени да видите ЧУДА!
  • Хургада | 8, 9, 10 дена - 6, 7, 8 ноќи
    Од мало рибарско село, препраснато во еден од најпознатите туристички центри на Црвеното море, Хургада нуди безброј опции за незаборавен одмор за сечиј вкус. Тука Ве очекуваат прекрасни плажи, журкање до раните утрински часови и незаборавно нуркање во длабочините на тиркизните води, сето тоа залиено со уникатен египетски шарм.