Кападокија Велигден

Кападокија | Велигден и 1-ви Мај

29.04.2021 - 04.05.2021

Магична земја од глина, сместена во срцето на Турција, позната по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “земја на убави коњи”. Регионот Кападокија, со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и ќе Ви остават мистичен и магичен впечаток. Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на месечевата површина. Бидете подготвени да видите ЧУДА!
  • 29.04.2021
  • 6 дена / 4 ноќи
  • Со појадок
  • Авионски превоз
+
од € 369
Сите цени

Хотел

Хотел
Локација
Ноќевања
Цена
Eliz Cave House 4*
Кападокија
Cave
369

Програма

1 ден
29.04.2021 -Четврток
Состанок на групата на аеродром три часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 20.50 часот. Слетување во Истанбул во 23.25 часот.
2 ден
30.04.2021 -Петок
Полетување од Истанбул во 01.05 и слетување во Кајсери во 02.40 часот. Организиран трансфер од аеродромот во Кајсери до хотел. Сместување во хотел. Обезбеден појадок. Слободен ден за одмор и индивидуални прошетки. Слободно време за вечера во некој национален ресторан (факултативно), или факултативна посета на шоу програм - Дервишка ноќ. Ноќевање.
3 ден
01.05.2021 -Сабота
Појадок. Факултативно: Во утринските часови прва средба со лунарниот пејсаж на Кападокија: карпестите формации над долината Деврент (Долината на имагинацијата) во Пасабаг, необичен регион на фасцинантни облици од камен, варовник и карпи наречени "Волшебни Оџаци" создадени во текот на милиони години под влијанието на вулканите и ерозијата. Ручек во Аванос – грнчарски центар и посета на работилница за грнчарија. Во попладневните часови посета на познатиот музеј на отворено Ѓореме, каде може да се видат најдобрите примери на византиската уметност во Кападокија (во карпести цркви со фрески и слики). Панорамски разглед на Есaнтепе со спектакуларен поглед на долината и селото Göreme (огромен манастирски комплекс, посебни манастири - секој со своја единствена црква). Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 год. Потоа посета на замокот Учхисар -оваа висока карпа е највисоката точка во регионот Ѓореме. За крај посета на подземниот град Озонкак. Организиран трансфер до хотел. Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.
4 ден
02.05.2021 -Недела
Појадок. Факултативно: Поаѓање во 09:30. Посета на подземниот град Деринкују, еден од најголемите, најзачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 м длабок и 8 ката отворени за посетители. Возење до кањонот Ихлара, долг 16 км, од двете страни обиколен со карпести цркви. Прошетка по кањонот. Ручек во локален ресторан во селото Белисирма покрај реката Мелендиз. По ручекот, посета на Селиме, село со пештерски куќи изградени на работ на кањонот. Може да се види манастирот Селиме издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека биле потребни 200 години за да биде завршен. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. Враќање во хотел околу 17:30. Слободно време за краток одмор. Факултативно, посета на традиционален турски ресторан со програма - ориентална музика и танци. Ноќевање.
5 ден
03.05.2021 -Понеделник
Појадок. Одјавување од хотел пред 12 часот. Багажот се остава на рецепција (ова важи за тие што ќе одат на екскурзија). Факултативно: Летање со балон во утринските часови. Спектакуларниот пејсаж комбиниран со совршени услови за летање овозможуваат балоните нежно да ги надлетуваат волшебните оџаци и магичните карпести формации, преку впечатливи долини – секоја со различни пејсажи и бои. Глетка што не се доживува секој ден. Враќање во хотел. Факултативно: Поаѓање во 09:30. Посета на Волшебните оџаци во Ургуп – средба со најпознатото семејство на волшебните оџаци- Трите убавици, симбол на Ургуп и Кападокија. Пешачка тура околу 4 км долж Црвената долина – една од најатрактивните во Кападокија. Посета на Чавушин, една од најрано населените и најново напуштените манастирски населби на Кападокија. Ручек во локален ресторан. Посета на подземниот град Кајмакли – еден од најголемите и најдлабоките подземни градови во Кападокија. Панорамски поглед на Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Враќање во хотел во вечерните часови. Организиран трансфер од хотел до аеродром. Полетување од Кајсери за Истанбул во 23:45.
6 ден
04.05.2021 -Вторник
Слетување во Истанбул во 01:35. Полетување од Истанбул во 07:35 часот. Слетување во Скопје во 08:05.

Во цената е вклучено

  • Повратен авио билет со Turkish Airlines-ТК, Скопје - Истанбул - Кајсери
  • Аеродромски такси
  • Организиран трансфер: аеродром – хотел - аеродром
  • 4 ноќевања со појадок во хотел ELIZ CAVE HOUSE-Ургуп
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Црвена тура 45 €, Зелена тура 50 €, Јужна тура 45 € - со вклучен ручек, влезници, водич, превоз
  • Посета на традиционален турски ресторан 35 € (вечера, пијалок, ориентална програма и трансфер)
  • Летање со балон од 110-150 €
  • Патничко и здравствено осигурување 210 ден

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=61.8 мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на патувањето
  • Краен рок за пријавување 09.04.2021. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на факултативните екскурзии, пријавување и плаќање пред тргнување
  • За летање со балон уплата на лице место во Кападокија
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел