ЈОРДАН | Индивидуални патувања

Аман - Мртво Море - Петра - Небо - Вади Рум

Јордан - хашемитско кралство, место каде што се вкрстуваат најстарите светски цивилизации, раскрсница со Блискиот Исток, земја на раскошот и стилот, мешавина на традиционалното од Блискиот Исток и современиот Запад. Ова патување ќе нѐ врати во минатото, и тоа повеќе од 2000 години наназад, каде што ќе имате можност да ги откриете тајните на “розевиот град” Петра, ќе зачекорите преку магичната пустина Вади Рум и ќе уживате во мирот кој само таа може да Ви ја пружи, а на крај да се препуштите на волшебната магија на ориенталанта кујна во Аман.
  • Секој Пон и Пет
  • 8 дена | 7 ноќи
  • Полупансион
  • Авионски превоз
  • Трансфер

Лет кон Јордан

Скопје - Истанбул
20:45
01:30
00:15
Скопје
Turkish Airlines 1006
Истанбул
Истанбул - Аман
02:20
02:20
04:40
Истанбул
Turkish Airlines 816
Аман

Враќање кон Скопје

Аман - Истанбул
11:00
02:30
13:30
Аман
Turkish Airlines 817
Истанбул
Истанбул - Скопје
20:25
01:25
19:55
Истанбул
Turkish Airlines 1005
Скопје

Програма

1 ден
Скопје – Истанбул – Аман

Полетување од Скопје со Turkish Airlines во 20:45 часот со број на лет TK 1006.

Слетување во Истанбул во 00:15 часот, полетување за Аман во 02:20, слетување во 04:40 и организиран трансфер од аеродром до хотел.

Сместување во собите по 14.00. Време за одмор.

Вечера. Ноќевање Во Аман.

2 ден
Аман – Мртво море - Тврдини и пустина

Појадок.

Посета на Мртвото Море, најниската точка на Земјата во Јорданската Долина 55 километри од Аман.

Продолжуваме кон Источната Пустина за да ги посетиме тврдината „Al Kharraneh, Amra“ како и тврдината „Al Azraq“ каде што Лоренс од Арабија напишал дел од својот мемоар „Седум столбови на мудроста”.

Враќање во хотел. Вечера.

Ноќевање во Аман.

3 ден
Аман – Јераш – Ајлун - Аман

Појадок.

Посета на староримскиот град Јераш кој сведочи за големината и славата на Римската Империја со величенствените и добро зачувани остатоци од храмови, римски бањи, амфитеатри, плоштади, фонтани и градски ѕидини.

Продолжуваме кон Север да го посетиме Ајлун, каде замокот „Qal’at Ar-Rabad“ е одличен пример за исламската архитектура.

Враќање во хотел. Вечера.

Ноќевање во Аман.

4 ден
Аман - Мадаба - Небо - Шобак - Петра
Појадок.

Посета на Мадаба, град кој е познат по мозаикот на картата на Ерусалим и Светата земја од 6 век.

Посета на црквата Св. Ѓоргија на Планината Небо, која е спомната во Библијата во делот каде што Бог ја покажува ветената земја на Мојсеј. Се смета дека тоа е исто така место на последното почивалиште на Мојсеј и неговиот гроб.

Од таму се упатуваме кон реката Јордан и местото на Исусовото Крштевање.

Се посетува тврдината Шобак изградена во 1115 година од страна на кралот Болдвин Први од Ерусалим.

Враќање во хотел. Вечера.

Ноќевање во Петра.

5 ден
Петра
Појадок.

Посета на Петра, едно од 7-те светски чуда. Клисура долга 1 км, која од двете страни е опколена со карпи високи 80 метри. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, театрите, храмовите...

Вечера.

Ноќевање во Петра.

6 ден
Петра - Вади Рум
Појадок.

Двочасовно возење со џипови по јорданската пустина Вади Рум позната по името „Долина на Месечината“.

Бедуинска вечера.

Враќање во хотел. Ноќевање во Вади Рум.

7 ден
Вади Рум - Аман
Појадок.

Се враќаме во Аман. Слободно време.

Вечера. Ноќевање во Аман.

8 ден
Аман - Скопје
Појадок.

По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром.

Полетување за Истанбул во 11:00 часот со број на лет ТК 817. Слетување во Истанбул во 13:30 часот.

Полетување од Истанбул во 20:25 со број на лет ТК 1005 и пристигнување во Скопје во 19:55.

Во цената е вклучено

  • Авио билет Скопје – Истанбул - Аман - Скопје со Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Организиран трансфер од хотелите до местата на посета
  • 7 ноќевања со појадок и вечера во 4* хотели
  • Виза за Јордан
  • Влезници според програмата
  • Возење со џипови во траење од 2 часа во пустината Вади Рум
  • Кратко јавање коњи во Петра (за поискусните)

Во цената не е вклучено

  • Бакшиши за водичите и возачите
  • Индивидуални прошетки и трошоци кои што не се наведени во програмата
  • Дополнителни екскурзии
  • Сите останати трошоци што не се напоменати погоре
  • Патничко и здравствено осигурување 240 ден

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
  • Поаѓање од Скопје секој петок и понеделник
  • За влез во Јордан потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Плаќање при резервација 100% и нема можност за откажување, менување термин или имиња
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 2 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел