Крстарењата нудат можност да се посетат најубавите локации, да се плови по светските мориња на бродови каде што се можни секаков вид забава и релаксација. Има нешто особено возбудливо кога помислуваме на долг годишен одмор на палубите на луксузен брод, крстарејќи по светските мориња каде секој вид забава и релаксација е возможна. Базени, спа центри, шопинг делови, ресторани со неколку мишелинови ѕвездички, ноќни програми, кабареа и концерти…

Програми Крстарење
  • Крстарење - Idyllic Aegean

    Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран.