Кападокија Велигден

Кападокија - Велигден 2024

header
  • Опис на патувањето
  • Програма за патување
  • Галерија
  • Термини и цени
  • Што е вклучено
  • Факултативни екскурзии
  • Важни информации

Опис на патувањето

Кападокија - Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија. Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa...

Рута
Скопје
Кападокија
Скопје
Превоз
Авион + трансфер
Сместување
Сместување во хотел во Кападокија
Услуга
Ноќевање со појадок
Тип на патување
Велигденско патување
Дестинации
Кападокија
Времетраење
5 дена / 4 ноќи
Трансфер
Вклучен
Поаѓање
03.05.2024
Екскурзии
Факултативни екскурзии со доплата

Програма за патување

+
  • 1 ден (03 мај) | Скопје - Кападокија

    +

    Полетување од Скопје за Истанбул во 08.40 ч со лет ТК1004. Слетување во Истанбул во 11.15 ч. Патувањето продолжува со лет ТК2012 во 13.05 ч, слетување во Кајсери во 14.30 ч.

    Организиран превоз до хотел со автобус. Сместување во хотел. Слободно попладне .Факултативно организирана вечера во национален ресторан со музика. Ноќевање.

  • 2 ден (04 мај) | Кападокија

    +

    Појадок. Факултативно организиран разглед (Северна тура или класична ) на Кападокија со локален водич, вклучен превоз, ручек, влезници и водич , (09.00 ч -17.00 ч).

    Разглед на: Devrent Valley , Pasabagi (Monk’s Valley), Avanos (Pottery center), Goreme Zelve Air Museum, Uchisar Castle. Уживање во погледот на камените формации и несекојдневните пејзажи во долината Дервент и вилинските оџаци кај Зелве.Таму се најубавите остатоци од Византиската уметност, цркви исклесани во камен и фрески кои датираат од 10-13 век.

    Од највисоката карпа во Гореме, Учисар ќе уживате во преубава панорама која се протега пред нас. Ручек во Аванос , град на грнчарската уметност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

  • 3 ден (05 мај) | Кападокија

    +

    Појадок. Факултативно организиран разглед (Зелена тура и посета на подземен град ) на Кападокија со локален водич, вклучен трансфер, ручек, водич и влезници (09.00 ч- 17.00 ч).

    Разглед на: Kaymakli Underground City, Ihlara Valley, Belisirma, Selime. Посета на најпознатиот подземен град Кајмакли и кањонот Ихлара. Посета на селото Белисирма , односно древната Перистреме каде што тече реката Мелендиз.

    Посета на Селима, позната по куќите кои се исклесани во камен и кои се наоѓаат на ивиците од самиот кањон, пејзаж сличен како од Војната на ѕвездите.

    Враќање во хотел. Факултативно организирана вечера во традиционален ресторан со музика. Ноќевање.

  • 4 ден (06 мај) | Кападокија

    +

    Појадок. Факултативно организиран рано наутро лет со балон. Поаѓање околу 04 ч од хотел. Волшебно, незаборавно доживување. Слободен ден за индивидуални прошетки и разгледи: јавање со коњи, сафари,џип сафари...

    Слободно време за посета на национален ресторан за да ја вкусите традиционалната кујна на овој регион.

    Слободно време за вечера или посета на ресторан со дервишки танц (факултативно). Ноќевање.

  • 5 ден (07 мај) | Кападокија - Скопје

    +

    Појадок. Слободно предпладне.

    Во 12:00ч организиран превоз за Аеродром во Кајсери. Полетување со ТК 2013 во 15.15 ч, слетување во Истанбул во 16.55 ч.

    Патувањето продолжува со ТК1005 во 19.00ч од Истанбул, слетување во Скопје во 19.30ч по локално време.

Галерија

Термини и цени

  • Image
    Кападокија - Велигден
    Слободно
    Поаѓање
    03.05.2024
    Денови
    5
    Цена
    €599

Во цената се вклучени следните услуги

  • Повратен авионски билет, од Скопје до Кападокија со 20 кг вклучен багаж
  • Аеродромски такси
  • Организиран повратен трансфер од аеродром Кападокија до хотел
  • Придружник за време на патувањето во Кападокија
  • Сместување во хотел Abras Cave или сличен, 4 ноќевања, услуга ноќевање со појадок

Не е вклучено

  • Факултативни екскурзии во Кападокија и летање со балон
  • Индивидуални трошоци за оброци и пијалоци во Кападокија
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Дополнителни трошоци во хотел

Факултативни екскурзии

  • Северна тура - 55€
  • Зелена тура - 65€
  • Летање со балон (за овој период цените почнуваат од 180€, цената е променлива и зависи од периодот и организаторот)
  • Вечера во традиционален ресторан со неограночено пиење од - 50€
  • Вечера во ресторан со дервишки танц - 35€
  • Јавање на коњи со инструктор 2 часа на залез на сонце – 45€
  • Сафари со четири цикли -2 часа на залез на сонце – 45€ ( едно возило може да го делат двајца). Џип сафари 2 часа на зајдисонце – 90€ по возило (едно возило може да го делат 4 лица)

Важни информации

  • Цените се по лице, сместување во двокреветна соба и валидни за пријавување на мин. 20 патници.
  • Цени за сместување во еднокреветна соба 150 еур, на барање.
  • Разгледите во Кападокија ќе зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
  • Плаќање исклучиво во денари по курс 62 мкд.
  • Плаќање при резервација 30%, доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата има право да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање.
  • Важат останатите општи услови на патување на Фибула Травел.