Сиде Лето 2021

Со своите златни плажи, кристално чистата вода од Медитеранот и безвременски археолошки чуда, Сиде нуди совршена хармонија на историја со природа. Тука може да се искомбинираат сите работи за да го доживеете совршениот одмор – луксузни хотели што нудат одлични услови за своите гости, историски места кои што ве маѓепсуваат со својот уникатен антички шарм, како и многу места за шопинг по поволни цени и безброј опции за забава. Накратко кажано, Сиде ви овозможува да искусите многу работи, и сето тоа без лутање од едно место на друго.