Regnum Bansko Apart Hotel & SPA

• Regnum Bansko Apart Hotel & SPA
• 67 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Rreth Regnum Bansko Apart Hotel & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на околу 600m од долната станица на гондола-лифтот и околу 1200 m од центарот на Банско.

• Сместување

Изграден е во 2008 година, а реновиран во 2017 година. Хотелот има 5 згради на 5 ката (внатрешно поврзани една со друга) со 5 лифтови, вкупно 138 апартмани, 1 соба приспособена за лица со попреченост.

• 16 Executive апартмани (2 единечни кревета и софа на спуштање; макс. 2 лица), околу 46-59 м², 2 соби одделени со ходник и врата – спална соба со дупли кревет или единечни кревети и дневна соба со софа на спуштање.
• 36 Executive апартмани со поглед на планина (2 единечни кревета и софа на спуштање; макс. 2 лица.), околу 40-59 м² – 2 соби одделени со ходник и врата – спална соба со дупли кревет или два единечни и дневна со софа на спуштање, поглед на планина.
• 20 Executive Deluxe апартмани (2 единечни и софа на спуштање; макс. 2 возрасни + 2 деца или 3 лица), околу 53-62 м² – 2 соби одделени со ходник и врата – една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети и дневна соба со дупла софа на спуштање. Некои имаат две купатила - на барање и по достапност.
• 32 Executive Deluxe апартмани со поглед на планина (2 единечни и софа на спуштање; макс. 2 возрасни + 2 деца или 3 лица), околу 50-70 м² – 2 соби одделени со ходник и врата – една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети и дневна соба со дупла софа на спуштање. Некои имаат две купатила - на барање и по достап, поглед на планина.
• 12 Гранд апартмани (4 единечни кревети и софа на спуштање; макс. 4 возрасни + 1 дете или 4 + 1 дете), околу 65-78 м² – 2 спални соби со дупли кревет или два единечни кревета и дневна соба со софа на спуштање. Некои имаат две купатила - на барање и по достапност.
• 10 Гранд апартмани со поглед на планина (4 единечни кревети и софа на спуштање; макс. 4 возрасни + 1 дете или 4 + 1 дете), околу 65-78 м² – 2 спални соби со дупли кревет или два единечни кревета и дневна соба со софа на спуштање. Некои имаат две купатила - на барање и по достапност.
• 1 Кралски апартман (4 единечни кревети, макс. 4 возрасни), околу 134 м²– луксузно опремена пространа дневна со кујна, две спални соби, две купатила и балкон со поглед на планина.

Сите апартмани имаат централно греење, локална клима, LCD телевизор, кабелска телевизија, телефон, мини бар (со доплата), сеф во собата (бесплатно), Wi-Fi (бесплатно), ламинат, чајна кујна (електричен бокал, рингли , аспиратор; во Блок А има прибор за јадење, и готвењето е дозволено и се доплаќа – 10 евра на ден), купатило со туш или/или када, фен, бањарки (бесплатно). Некои апартмани имаат балкон - на барање и по достапност со доплата. Хотелот има еден апартман со поглед на планина приспособен за лица со попреченост.

• Услуга

Услуга: Ноќевање со појадок или полупансион.

• Содржини

Рецепција, менувачница, услуга во соба (со доплата), Wi-Fi во целиот хотел (бесплатно), простор за чување сопствена ски - опрема (бесплатно), изнајмување скии и ски училиште (со доплата), лоби бар , ноќен бар, бар покрај базен /само во летната сезона/, главен ресторан „Regnum“, À la carte ресторан, соба за игри, лизгалиште од синтетички мраз, 3 конференциски сали (2 од нив имаат капацитет до 100 лица во секоја, и 1 со капацитет до 400 лица), доктор на повик, фризерско и студио за убавина. Домашни миленици: Не е дозволено.

За деца: Креветчиња за бебиња (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторанот (бесплатно), детски дел од базенот, детска соба со анимација за деца од 4-14 години (бесплатно), чување деца (на барање, доплата).

Без доплата: Користење затворен базен со детски дел, финска сауна, парна бања, амам, шок и тропски туш, простор за релаксација, фитнес, две џакузи 36°C (користени според распоредот и според максималниот капацитет на секое џакузи), простор за чување сопствена ски - опрема со капацитети за греење и сушење, Wi-Fi, сеф во собата, шатл до долната станица на гондолата и назад според распоредот на хотелот.

Со доплата: пикадо, фудбал на маса, пинг-понг, билијард, лизгалиште за синтетички мраз, масажа, солариум, турска бања, СПА третмани. Regnum Banya Thermal (Regnum Banya Thermal – термалниот центар се наоѓа во селото Бања, блиску до Банско, и нуди отворен базен со минерална вода, отворено џакузи, велнес третмани, сауна).

Паркинг: Бесплатен паркинг на отворено, се плаќа внатрешен паркинг – 10 лева на ден во зависност од достапноста.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште

Lokacioni