Albatros Aqua Blue Resort
- Egjipt
- Deti i Kuq
- Hurgada

- 28 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Rreth Albatros Aqua Blue Resort

Положба
Хотелот се наоѓа на околу 15 км од центарот на Хургада и околу 7 км од аеродром. Отворен е во 2005, а реновиран во 2019 година.

Сместување
Вкупно 226 соби распоредени во неколку 3-катни згради.
- Стандардни соби (24 м², една спална, едно купатило, макс.2+1).
- Фамилијарни соби (43 м², две посебни спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 2+2).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, сателитска ТВ, клима, телефон, мини бар, сеф, поглед кон градина или базен, балкон или тераса.

Услуга
All Inclusive шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот (Во Albatros Aqua Park и Beach Albatros Resort), вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ, палачинки и сладолед во одредено време, коктели, кафе, чај, колачи. Со доплата се сите увозни и премиум пијалоци, пијалоци во шише и лименка, пијалоци после полноќ, пијалоци во дисктека, наргиле, услуга во соба, À la carte ресторан со претходна резервација и со доплата (со азиска и италијанска кујна) и сѐ што не наведено во концептот.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (со азиска и италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс, дискотека. Доктор, перење алишта, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, фризер се со доплата. WiFi интернет е бесплатен на јавните површини.

Плажа
Плажата е на околу 600 м од хотелот, зад Beach Albatros Resort. Мал дел е со корален гребен, а поголемиот дел е зона за капење. Лежалките и чадорите се бесплатни.

Спорт и забава
Хотелот има неколку базена за возрасни и деца, тениски терени, пикадо, аеробик, ватерполо, теретана. Со доплата се СПА центар, третмани и масажи, опрема за тенис и осветлување за тениските терени, спортови на вода, нуркање, и сѐ што не наведено во концептот. Забавни програми во текот на денот, мини клуб за деца (4-12 год), аква парк и детско игралиште.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца