Albatros Aqua Park Resort

  • Albatros Aqua Park Resort
  • 39 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Albatros Aqua Park Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа на околу 15 км од центарот на Хургада и околу 7 км од аеродромот. Отворен е во 2000 година, и се наоѓа веднаш зад Beach Albatros Resort (ги дели улица).

  • Сместување

    Вкупно 296 соби распоредени во 3-катни згради.

    Стандардни соби (23 м², една спална, купатило, макс. 2+2).

    Фамилијарни соби (41 м², две посебни спални соби, купатило, макс.2+2 или 4 возрасни).

    Сите соби имаат поглед кон базен или градина, приватно купатило со туш, фен, мини бар (секојдневно се полни со вода), сеф, клима, сателитска ТВ, телефон, балкон или тераса.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот (во Aqua Blue и во Beach Albatros Resort), вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до полноќ, палачинки и сладолед во одредено време, коктели, кафе, чај, колачи.

    Со доплата се сите увозни и премиум пијалоци, пијалоци во шише и лименка, пијалоци после полноќ, пијалоци во дисктека (во Aqua Blu), наргиле, услуга во соба, À la carte ресторани со претходна резервација и со доплата (со азиска и италијанска кујна) и сѐ што не наведено во концептот.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (со азиска и италијанска кујна), барови низ хотелскиот комплекс, дискотека.

    Доктор, перење алишта, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, фризер се со доплата.

    WiFi интернет е бесплатен на јавните површини.

  • Плажа

    Плажата е на околу 500 м од хотелот, зад Beach Albatros Resort и има бесплатен превоз од хотелот. Мал дел е со корален гребен, а поголемиот дел е зона за капење. Лежалките, крпите и чадорите се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Хотелот има неколку базена за возрасни и деца (два се загреани во текот на зимата), аква парк, ватерполо, аеробик и гимнаситка, теретана, одбојка, тениски терен, пинг понг.

    Со доплата се СПА центар, третмани и масажи, опрема за тенис и осветлување за тениските терени, спортови на вода, нуркање, марoкански амам, и сѐ што не наведено во концептот.

    Гостите може да ги користат базените на Albatros Aqua Park, Aqua Blu и Aqua Vista. Забавни програми во текот на денот, мини клуб за деца (4-12 год), аква парк и детско игралиште.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni