Caves Beach Resort

  1. Egjipt
  2. Deti i Kuq
  3. Hurgada
  • Caves Beach Resort
  • 78 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Caves Beach Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Ал Ахија во Хургада, на 10 км од Хургада и 15 км од аеродромот во Хургада, и 8 км од Ел Гуна.

  • Сместување

    Хотелот е дизајниран во уникатен и прекрасен стил на камени пештери, по примерот на познатите Каменковци. Отворен е во 2015 година и нуди 385 соби распоредени во главна зграда на 1 кат и други четирикатни згради со поглед на градина, базен или море.

    Стандардни соби (40 м², макс. 4 лица, поглед на градина, базен или море).

    Делукс соби со поглед на море (50 м², макс. 4 лица).

    Royal pool cave (60 м², директен пристап на базен, макс.4 лица).

    Сите соби се уникатно дизајнирани, со камен и дрво, пространи, имаат купатило со туш, фен, клима, сет за кафе и чај, сеф, мини бар (2 мали шишиња минерална вода се дополнуваат бесплатно, сѐ друго се плаќа), сателитска ТВ, плочки или мермер на подот, балкон или тераса.

  • Услуга

    Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, закуски, чај од 17.00-18.00 часот, кафе еспресо, сладолед, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци послужени во чаши, освен минерална вода, Диско клуб.

    Не е вклучено: À la Carte ресторани: Bam Bam (скара) и Pebbles Teppanyaki (јапонска кујна) – потребна е претходна резервација, сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, арапско/турско кафе, наргиле, влез и пијалоци во диско барот, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, диско клуб.

    Со доплата се доктор, аптека, перење и хемиско чистење, Wi-Fi интернет во собите е со доплата.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце. Еден помал дел е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжително е користење на чевли за капење. Со картичката се доставуваат крпи (губењето на картичката се наплаќа).

  • Спорт и забава

    Отворени базени, од кои едниот е загреан во зима, одбојка на плажа, аеробик, билијард, пинг понг, теретана.

    Со доплата се аква центар, нуркање, третмани и масажи СПА центар, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и анимации.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Lokacioni