Jasmine Palace Resort

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Hurgada
• Jasmine Palace Resort
• 52 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Jasmine Palace Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Хургада на околу 22 км од центарот и на околу 18 км од аеродромот.

• Сместување

Комплексот располага со 547 соби и сите имаат приватно купатило, фен за коса, клима, електричен бокал, сеф, сателитска LCD телевизор, балкон или тераса.

• Стандардните соби (макс.2+1) се околу 33 м² и може да имаат поглед на градина, базен или море.
• Фамилијарните соби соби (макс. 3+1) се околу 65 м² и се состојат од две соби и едно купатило. Во едната соба има брачен кревет, а во другата има два единечни кревети и софа.

Фамилијарните соби имаат два телевизори. Се доплата: телефон, услуга во соба, мини бар (едно шише вода по гостин на ден бесплатно, сѐ останато се наплаќа)

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера. À la carte ресторани со египетска, италијанска, кинеска, индиска (привремено затворен) кујна (само еднаш за мин. 7 дена престој), како и рибен ресторан со доплата и со резервација. Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторани, Fresh Bar, Lobby Bar во периодот 00:00-07:00 часот, диско пијалоци, наргиле, турско кафе, ирско кафе, свежо цедени сокови и сѐ останато надвор од концептот. Хотелот има право да ги промени деталите за услугата бидејќи хотелскиот комплекс сè уште не е целосно отворен (време, содржина итн..). Сѐ што не е наведено се доплаќа.

• Плажа

Хотелот има своја плажа долга 1.000 метри со пристаниште. На плажата има еден дел со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а најголемиот дел е зона со плитка вода (700м - се препорачуваат чевли на плажа). Гостите на хотелот можат да користат лежалки, крпи и чадори за сонце бесплатно.

• Спорт и забава

Хотелот располага со вкупно 5 базени (главниот базен е поделен на 4 дела), аква парк со 4 тобогани и детски базен. Во зимскиот период се загрева базенот со бар и детски базен (што варира во зависност од временските услови и зафатеноста на хотелските капацитети). Други анимации вклучуваат одбојка на плажа, пинг-понг, шах, пикадо, водена гимнастика и други анимации. Со доплата: јавање коњи и камили, интернет само во лобито, билијард, спортови на вода, нуркање ,доктор, фризер, сервис за перење и пеглање, банкомат, конференциска сала. и се друго надвор од концептот. За деца има мини клуб, игралиште и детски базен. Спа и Велнес: Во склоп на бањата гостите можат бесплатно да ја користат теретаната (за лица над 14 год.). Со доплата: сауна, масажи и сите други услуги и третмани.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni