Meraki Resort

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Hurgada
• Meraki Resort
• 57 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Meraki Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на 12 км од аеродромот во Хургада и 1,8 км од центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 368 соби.

• Shotgun room (22 м², поглед на градина, еден единечен кревет и тераса, едно купатило, макс. 1 лице).
• Double Trouble Room (25 м², поглед на градина/ море или делумен поглед на море, еден дупли кревет и тераса, едно купатило, макс. 2 лица).
• Triple Trouble Room (36 м², може да имаат поглед на градина, базен, море или делумен поглед на море, со еден дупли кревет и еден единечен кревет, со тераса или балкон, едно купатило, макс. 3 лица).
• The Gypster Room (27-35 м², поглед на градина/ море или делумен поглед на море, еден дупли кревет или два единечни кревети, со тераса или балкон, едно купатило, макс. 2 лица).
• Merakilous Room (33-39 м², со поглед на море или градина, еден брачен кревет или два единечни кревети, простор за седење, со тераса или балкон, едно купатило, макс. 2 лица).
• Livin’ it Up Suite (83 м², поглед на градина, еден дупли кревет, дневна соба, џакузи, тераса со простор за седење, купатило, макс. 2 лица).
• The Part Never Ends Suite (60-95 м², поглед на градина или море, еден дупли кревет, дневна соба со софа, џакузи, балкон или тераса, купатило, макс. 3 лица).
• Hall of Fame Suite (81 м², поглед на море, еден дупли кревет, џакузи, дневна соба, гардеробер со соблекувална, голема тераса со простор за седење со поглед на море, макс. 3 лица).

Сите соби имаат балкон или тераса, купатило со туш кабина и фен, сателитска ТВ, WiFi интернет бесплатно, телефон, сеф, клима, мини бар (со доплата), сет за кафе и чај.

• Услуга

Сѐ вклучено појадок, ручек, вечера, доцна вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, Лоби бар кој работи 24 саати и служи пијалоци, од 00:00 до 10:00 појалоците се со наплата. Хотелот има повеќе барови, клубови и неколку À la carte ресторани со египетска, азиска, грчка, американска кујна, пицерија - потребна е претходна резервација. Со доплата: храна и пијалоци по наведеното време, алкохолни пијалоци по полноќ À la carte морска кујна, наргиле.

• Содржини

Во хотелот има бесплатен интернет низ целиот ресорт и собите, повеќе барови и ресторани, бизнис центар. Со доплата: изнајмување колс, доктор на повик, салон за убавина и фризер, продавници, перална, спа центар, услуга во соба.

• Плажа

Хотелот ја има најдолгата песочна плажа во Хургада долга 2,6 км, со 4 посебни делови: Carpe Diem, Yades, Utopia and #Meraki. Не е дозволено резервирање лежалки и чадори на плажа и базен. Крпите за плажа се наоѓаат во соба.

• Спорт и забава

Два базени за пливање, лизгалки на вода, фитнес центрар, активности на вода во базен, одбојка на плажа, ноќна одбојка, тениски игралишта (осветлување со доплата), пинг понг, билијард, јога и медитација, пилатес. Со доплта: спортови на вода, нуркање, аква центар, јахта и стаклени чамци. Забавни програми, жива музика, DJ забави, театар на плажа, амфитеатар.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni